3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Репроценка на имотот на прилепчани за рамноправна наплата на данокот на имот

За да се утврди пазарната и реалната вредност на имотите на граѓаните и правните лица,  Општина Прилеп започна со репроценка на недвижниот имот на граѓаните и правните лица, со што ќе се утврдува пазарната вредноста на недвижниот имотот на секој граѓани, но тоа ќе влијае и на висината на ставката за плаќање на данокот на имот за 2023 година.

“Ова преставува законска обврска на општините, според Законот за данок на имот донесен во 2021 година, каде секоја општина мора да направи репроценка на имотот на граѓаните, на секој четири години. Во Прилеп, репроценка на имотот не е направена од 2009 година. Репроценка,по таа година, се правеше само на недвижниот имоти на кои се вршеше промена на сопственичката структура. И, сега, доаѓа оние кои купиле стан по 2009 година, во истата колективна зрада со иста површина, плаќаат повисок данок на имот од соседот кој живее тука, одамна. Така, граѓаните како даночни обврзници  ги ставаме во нерамноправна положба. Сега, со репроценката на имотот ако сте плаќале данок на имот 750 денари, би плаќале данок не поголем од 1100/1200 денари, но и недвижниот имот би ви бил проценет со поголема вредност, според денешната пазарна вредност на тој имот. Со репроценката на имотот, во зависност во која зона припаќа, а Општината ја поделивме на шест зони вклучително и населените места, граѓаните ќе плаќаат рамноправно. А, таа  сума е 0,10 % од проценетата вредност на нивниот имот, што би значело дека оние граѓани чии имот им е проценет на пониска вредност, сега ќе им биде проценет имотот според денешната, пазарна вредност и со тоа би се утврдила  и висината на данокот на имот. Од оваа година, од 01, јануари 2023 година, сите граѓани ќе плаќаат данок на имот според пазарната вредност на имот со кој што раполагаат “ рече Горан Стојаноски, од даночното одделени при Општина Прилеп, посочувајќи ја Општина Кавадарци, како позитивен пример од извршената постапка за репроценката на имотот на Кавадарчани.

Со репроценката на имотот општината ќе го зголеми данокот на облог на имот за околу 35 милиони денари, а тоа во иднина би било основа за креирање на основнот буџет на Општина Прилеп и подобра финансиска стабилност на општината. Односно, приходот на општината кој го добива од даночната обврска на даночните обврзници, „наплатата на данокот на недвижен имот“,  од 45 милиони денари, ќе се зголеми за плус 35 милиони денари, односно ќе изнесува 80 милиони денари и ќе биде основа за креирање на идниот буџет на Општината.

„Тоа значи дека наредната година, кога ќе се креира основниот буџет, при оваа репроценка од данокот на имот, со тие средства од данокот на имот, основниот буџет на Општина Прилеп ќе биде зголемен, а со тоа и можност за креирање и планирање на проекти значајни за заедницата, за поквалитетен живот на граѓаните“ истакна Претседателот на Советот на Оптшина Прилеп,  Дејан Проданоски, објаснувајќи го бенефитот од оваа постапка.

Инаку, според законската регулатива граѓаните кои не го користат имотот (стан, куќа и сл.) или го издаваат по наем, данокот на имот ќе им биде зголемен за три пати повеќе од нормалната висина на данокот на имот, а тоа ќе значи и евиденција за користениот и некористениот недвижен имот во општината.

Постапката за репроценка на имот, во која ќе биде вклучена и проценителна куќа,  Општина Прилеп планира да ја заврши до крјот на оваа година.

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

🎥Гласот на промена започнува од младите👩

Пела Редакција

(Видео ) И, на Светскиот ден на правдата пензионерите протесираат, но правдата никако да ја добијат

Елизабета Филипоска

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведено едно лице

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе