30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп доцна попладне: Обилен дожд, грмежи, град, прекин на ел.енергија…

Невреме, во попладневните часови, со  дожд и грмежи го зафати Прилеп. Во делови од  градот, во нас.Рид кај Могилата, нас.Марино мало, дури врнело и град ( фото од наши читатели)

Граѓаните се пожалаа и на поплавени улици и прелевање на шахти.

Има и прекини на ел.енергија, краткотрајни во делови од Прилеп и веќе еден час во неколку села: М.Коњари, Кадино село, …

И, ноќеска се очекуваат врнежи од дожд  при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер.

Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден”, предупредуваат од ЦУК

Би можело да ве интересира

Двајца прилепчани со форд удриле во голф, а потоа ги нападнале

Дезинфекција на институции, училишта, градинки, старски дом

Таблата на споменикот од Александар Македонски во Прилеп не издржа ниту еден ден

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе