11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Болниците во Прилеп и Битола кубурат со лекари

Болниците во Прилеп и Битола, евидентно е дека кубурат со лекари од сите можни специјалности и таму – нема што не е потребно. Владата донесе програма за наредните четири години, за тоа какви специјалисти и супспецијалисти се потребни во здравствените домови и во клиничките болници во Македонија.  Најалармантно е во болнците во Прилеп и Битола.

Како показател за оваа состојба се добиените специјализации за 2023 /2026 година.

Во Јавната здравствена установа „Доктор Трифун Пановски“ во Битола наредните четири години, од 2023 до 2026 година одобрени се дури 133 специјализации, а во прилепската болница “Борка Талески“ , 120 специјализации и супспецијализации.

Од 2023 до 2026 година во прилепската болница одобрени се 8 специјализации за анестезија со интензивна медицина, 6 за педијатрија, 4 за гинекологија, 3 за дерматовенерологија, 2 за ендокринологија, 9 за интерна медицина, 2 за инфектологија, 1 за кардиологија, 5 за неврологија, 1 за нефрологија, 1 за нефрологија, 8 за општа хирургија, 8 за ортопедија, 3 за психијатрија, 7 за радиологија итн. Во Прилеп одобрени се супспецијализации за неонатологија, дигестивна, уролошка и гинеколошка радиодијагностика, педијатриска нефрологија, кардиологија и пулмологија, ревматологија и кардиологија, како и за нефрологија.

Во битолската болница наредните четири години одобрени се 7 специјализации за анестезиологија со интензивна медицина, 8 за педијатрија, по 1 васкуларен хирург и гинеколог, 14 интернисти, 6 инфектолози, 4 кардиолози, 3 невролози, 4 неврохирурзи, 8 општи хирурзи, две специјализации за онкологија, 4 офтамолози, 5 психијатри, 6 ортопеди, 4 трауматолози, 8 специјализации за ургентна медицина, 6 за физикална медицина, 3 за патологија, две за судска медицина, 4 за уролошка хирургија и една за испитување на контрола на лекови. Супспецијализации во битолската болница се предвидени за трауматологија, дијабетологија, урогинекологија, пулмологија и алергологија и дигестивна хирургија.

Најголемиот дел од лекарите се веќе вработени во болниците, а кога ќе ја завршат специјализацијата се обврзани со договор да останат на работа во државното здравство. Со приватните специјализации е поинаку, односно докторот сам си ја плаќа специјализацијата, ама по завршувањето може да се вработи во приватна ординација или да замине да работи во странство односно не е обврзан да му служи на државниот здравствен систем.

Целиот ТЕКСТ:

https://www.slobodenpecat.mk/kje-vrie-od-specijalizacii-vo-bitola-i-prilep-bolnicite-kje-se-podnovat-so-novi-kadri-zashto-nema-shto-nemaat/

Би можело да ве интересира

Сoвремени театарски осврти-новообјавена книга на Звонко Димоски

Пела Редакција

„Шеќерното дете“ од Ресен ќе гостува во Прилеп

Пела Редакција

Граѓаните со стар пасош во странство ќе се враќаат во Македонија со патен лист

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе