11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) 94 годишниот Харалампие: Не просиме, ова ни е заслужено – 6 ти ден пензионерски протести

По синоќешната изјава на една од националните телевизии на Станка Трајкова, претседателката на Сојузот на пензионерски здруженија, дека сојузот не ги поддржува протестите, револтот кај прилепските пензионери денеска беше уште поголем на шестиот ден од протестите во Прилеп. Во уште поголем број од претходно тие се собраа пред прилепското здружение со официјалното барање за линеарно покачување на пензиите од 3 500 денари. Информираа дека утре ќе се одржи протестен марш од 9 часот од стара Градска кафеана до раскрсницата кај Солидност. Воедно, веќе се организираат за заедничките протести во Скопје најавени за в понеделник 14 ти август.

„Нека не се лутат на пензионерите што ги бараат своите права. Не просиме, ова ни е заслужено. Нека се лутат на оние што решиле 78% платите да му се кренат. Собранието ќутеше! Да не не’ понижуваат и ние сме луѓе од крв и затоа бараме да се освести оваа власт, оти ние сме тие гласачите – оние не се!“ вели 94 годишниот Харалампие Цветаноски, пензионер.

Во името на сите пензионери кои работеле, работничката класа, сакам да кажам дека нема редослед на пензиите. Јас сум 12 години пензионер, ја земам пензијата од мојот покоен сопруг, со 70% но, прашувам дали тој не работеше 32 години и никогаш не ја зеде онаа пензија што моите деца останаа на мој грб, сирачиња, и кој ги гледаше. Државата не се зазеде бидејќи моите деца завршиле школо.И сега дали мојата пензија некогаш со мојот работен стаж дојде иста. И затоа сакаме да одиме до крај да се покачи пензијата бидејќи минималната пензија не ги задоволува нашите домашни потреби. Во ниедна продавница или било каде да појдиме, во ниедна установа не прашуваат колку пензија или колку плата земате. И затоа сакаме да има покачување на пензиите сите имаме една уста, фамилија имаме, сите сакаме да ги задоволиме своите потреби. Дојдов на тие години што ни требаат и лекови и други потреби. Затоа ги молиме претставништвото кое го претставува пензионерското се загрижи, а не претседателката не сакам да ја именувам што рече: не ве поддржувам, не излегувам на улица, ќе седам канцеларија, јас сум работела… И јас сум работела господине, или госпоѓо, но работата е да дојди да имаме сите една минимална пензија за пристоен живот да ги задоволиме нашите потреби. Барам еве како што на ниво на република, 3 500 до 15 000 да се покачат по 3 500 илјади, а после 6%. Ама работава е зошто со 10 или со 15 илјади никако не се живее , вели Јагода Мишеска, пензионерка.

– Иритира тоа што претседателот дозволи само 3 автобуси. А да му кажиме на претседателот да се откажиме од тие 130 денари што му ги даваме за тие автобуси, од нас ќе бидат автобусите! Не се ни од мајка му, ни од татко му, ни негови, е пак ќе видиме како ќе функционираат внатре. Ако продолжи вака да се однесува и тоа ќе го направиме – 130 денари што ги одделуваме нема да ги даваме! Пак да видиме дали ќе одат на екскурзии, дали ќе се шетаат, дали удобнана фотелја малку да ќе ја одлепи од г…т да стани овдека и во очи да ни се испули. Па ова веќе сите граници ги помина. Тие 130 денари ги одделуваме за помош на пензионери, за автобуси, за здружението, ама ние ништо немаме видено од тие 130 денари, вели Билјана Шеќероска.

Страмота е ова што го прават. Страмота!!! 78% си ги кренаа платите, рекоа ќе разгледаме и спијат, повеќе ништо не постои. Готово, се сомле тоа!!! Сега за нас 6%. Дали не е страмота 6%?! Нека си ги кренат тие платите 6% да видиме? На 60000 да земам 6% сакам, ама не може 6% на 12 000. Колку е тоа, знаат да множат, да делат, или појма немаат?! И треба да застаниме да се мени раководствово. Доста е со овие. Си шетаат, автобуси, секој автобус, зеле микрофонот ги качиле пензионерите, тој што го прочитал списокот зема! Доста е!!! Доста е, да се разбереме еднаш, треба сето менување, од глава до петици, од претседателот овде нашиот, таму горе кои се јас не ги ни знам кои се, сето треба да се мени! И да тргни еднаш, доста е – оваа држава ја изедоа! Ја изедоа !!! , “ вели Димитрија Камчески пензионер.

Прилеп 6 ти ден е на протести, Прилеп не отстапува од она што го зацрта – 3 500 денари линеарно за секој пензионер. Ние во Прилеп нема да отстапиме и ќе преземаме поригорозни мерки. Утре најавуваме нека слушне цела Македонија – сите пензионери Прилеп и прилепско, долненска општина, кривогаштанска општина, сите што доаѓаат овдека се потпишуваат. Ги овдиме евиденциите колку сме секој ден, треба да бидеме побројни и побројни!

Значи за утре ни е најавено блокада на раскрсницата кај стара Градска кафеана, во 9 часот, потоа продолжуваме до кружниот тек кај Солидност, туку стоиме половина час и потоа се разидуваме мирно.

Денеска имаме потписи кои што ќе одиме понеделник за Скопје со тргнување во 8 часот. Одиме со обезбедени само 3 автобуси од нашето здружение на пензионери, значи тоа се 150 души. Ние во барањето баравме 6 автобуси, тие ни одговорија со 3 затоа што не можеле повеќе да ни дозволат. Во ред, го прифаќаме и тоа. Ние сепак мирно, и достоинствено ќе им одговориме дека нема да запреме, Синоќешната изјава на претседателката на пензионерите кога ја прашаа дали ќе не’ поддржи затоа што цела Македонија ќе доаѓа, таа им рече –„ НЕ, категорично! Јас штрајкувам, ама со работа во канцеларија.“ Се прашувам, за кого работи, ако работи за нас, треба да биде со нас. Нека излези пред нас и нека ни кажи нема од што да се плаши. Линеарното зголемување, можи! Од кога ќе го зголемиме линеарното 3 500 денари, после ќе одиме со урамниловки на најниската плата и изедначување, односно, ќе бараме една минимална пензија. Можеме да имаме минимална плата, ќе имаме и минимална пензија.

Таа ги спомна околните држави. Значи дали се запрашала колкави се нивните пензии, и колкави се скапотиите на нивните пазари и во нивните маркети. Јас кога вчера поминав во маркет видов катастрофални цени. Ние овде кои што сме собрани не можеме да си дозволиме да купиме ниту краставички, ниту домати, лубеница не доаѓа в предвид, тоа е луксуз веќе за нас. Млекото кое што е неопходно, јогуртот за пиење на лековите, лекови покачени, буквално се’ е покачено. А нашата претседателка вели со 6% да се задоволиме?! Ве молам, дали 78 и 6% има некаква споредба?! Дали може тоа да го споредиме? И дали може ние таа потрошувака кошничка што ја вид Статистика од 46 000 денари, дали овие пензионери кои што имаат по 4, по 5, по 6, или 3 во семејство можат да ја издржат со 10 500, 11 000, 12 000, 13 000, 14 000 денари. Мора да ни го удоволат барањето – прво 3 500 денари линеарно за сите, а потоа ќе одиме со минимална пензија, вели Вера Јанческа од иницијативниот одбор за протестите на прилепските пензионери.

Би можело да ве интересира

Жетва богата – цена евтина, а лебот поскапува!!!

Пела Редакција

Посебен режим на сообраќајот по повод Илинден на подрачјето на СВР Битола

Одбележани 79 години од народното востание во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе