10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

„Поетско Маркукуле“ по 16 пат за ново уживање во поезијата

Утревечер, во 18 часот, на камената бина во центарот на Прилеп, по 16-ти пат, ќе се одржи поетската манифестација „Поетско Маркукуле“, на која ќе  учествуваат над 100 -тина поети од земјава и странство. „ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ, во организација на Клубот на литературни творци Прилеп, веќе прераснува во препознатлив бренд во Македонија и во странство!

На манифестцијата ,оваа година ќе биде  промовиран и Зборникот ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2023,

 

во кој се впишани имињата на 220 автор од 15 земјни и Македонија. Во него, покрај старите, постојани ученици, има и нови поетски пера, кои го збогатуваат стиховниот мозаик и сепренесени во кингата,како ретко поетско богатство. Во зборникот ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2023, се сместени стихови од многу еминентни автори, но и од нови автори што доаѓаат на голема врата на поетското сцена, „како и стихови од автори што пишуваат за своја душа„, велат организаторите.

Андриана Ристеска, претседателката на Клубот на литературни творци – Прилеп , истакна дека ова 16 -то издание на манифестацијата „Поетско Маркукуле“ ќе преставува вистинска поетска ризница во која домашни и странски поети ќе се преставата со своите песни, а манифестација ќе ги собере и младите, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси, но, пред се ќе преставува одлична дружба на литератите и поттик да продложат да творат.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Годинава, манифестацијата ќе ја збогатат и ученици од основните училишта , Климент Охридски и Кире Гаврилоски.  Петтоодделенците Марија Колевска, Марија Крстеска, Петар Јованоски и Марко Макалоски со свои лични творби ќе се претстават на литературното читање.

 

Манифестацијата за прв пат е одржана во 2007 година и секоја следна година станува побројна со домашни и поети од другите држави, а Прилеп доби уште едно вредно благородно камче во својот духовен културен мозаик.

 

Би можело да ве интересира

В недела, тeатар „Авантурите на Пинокиo“за сите деца и возрасни

Елизабета Филипоска

Следниов викенд „Денови на Македонска фотографија 2019“ во Прилеп

Елизабета Филипоска

Oсмомартовски концерт на музичкото училиште во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе