-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Прилепскиот театар со Декамерон на „Охридско лето“

Актерската екипа на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп го збогатува годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ со изведба на претставата „Декамерон“ на Џовани Бокачо.

Улогите во претставата ги толкуваат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов.

Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. За жал, секојдневието не е.

Би можело да ве интересира

Крушевчани ќе пошумуваат

Елизабета Филипоска

До каде е изградбата на резервоарот за вода во с. Белушино?

Елизабета Филипоска

Прилепски фирми фиктивно вработувале бремени жени, го оштетиле Фондот за здравство за 35 милиони денари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе