14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Кои се првите македонски подизведувачи за изградба на коридорите 8 и 10д

Повикувајќи се на свои информации, порталот А1он ги објави имињата на македонските градежни компании кои како подизведувачи ќе работат за конзорциумот Бехтел и Енка на изградба на автопатите од Коридор 8 и 10д . Првите подизведувачи кои утре ќе ја почнат изградбата на делницата Гостивар – Букојчан:   „АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“ . Досега единствено фирмата „Брако“ се споменуваше како партнер на американско-турскиот конзорциум за изградба на работнички камп во Гостивар каде што ќе се гради и најтешката делница.

„АК Инвест“ е компанија на Азби Ибрахими , „Еуровиа“ која е актуелна периодов по тоа што е фирма-донатор на ДУИ, е во сопственост на Елмедин Адеми, додека битолската „Стентон“ беше управувана од Благој Крстевски, а сега Снежа Стојаноска е актуелна сопственичка.

Изградбата на делницата кај Гостивар ќе почне утре, со минирање кај селото Дебреше.

Предвидено е дека проектот, без експропријација, ќе чини најмалку 1,3 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Непотизам и партиски вработувања – денешна тема на прилепскaтa политички сцена

Елизабета Филипоска

Прилепската болница, доби амбулантно возило – донација од СР Германија, со посредство на невладината ЦГИ

Гордана Цветаноска

Утре, вторник, времено, без струја неколку улици во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе