-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Проблемот со загадениот воздух во Прилеп пред советниците

Покрај редовните точки од дневен ред, советниците на Општина Прилеп  на редовната седница на Советот на Општина Прилеп, денеска, во најголем дел, дискутираа за квалитетот на амбиенталниот воздух во Прилеп и загаденоста на воздухот кој се чуствува кај населбите  „Сточен пазар“, „Чачорица“, односно за непријатната миризба што се шири во градот веќе еден месец.

„Континуирано се вршат надзори, и не се работи за пожар во близина на фабриката на Еуроинвест 11-ти Октомври, погонот Ламинати, туку станува збор за појава на чад кој се санира и се прават напори да се стопира непријатната миризба која деновиве се ширеше во  неколку населби во Прилеп. Ќе следуваат и понатаму активности и ќе организираме акции со кои што ќе настојвуваме спречување на понатамошното појавување на тој чад и ширењето на напријатната миризба. Инспекциските надзори се преват во присутво на преставник од полиција, раководител на сектор и инспекор на заштита од пожари. Во моментото како единствен извор кои сме го утврдиле за ширење на непријатна миризба е локацијата на поранешната фабрика 11 ти Октомври. Сите мерења направени во атмосферата, каде мериме органски компоннти, кои можат да влијаат врз загадувањето на животната средина се во рамките на дозволеното „-  објаснија од Инспекторатот за животна средина при Општина Прилеп пред советниците и укажаа на постапките кои се преземни во врска со информацијата за оваа состојба, која се појави пред еден месец и за која жителите на неколку населби одражаа и протести .

И, уличното осветлување беше тема на дискусија. Советниците бараа одговор „зошто градот има слабо улично осветлување “, на кој градоначалникот на Прилеп, одговори дека во континуитет се санираа оштетените светилки и дека се само шпекулации од опозицијата дека градот е во мрак.

Советниците на Советот на Општина Прилеп на денешната седница зборуваа и за распоредот на средствата во Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Пазари’’ Прилеп, за период од 01.04.2023 година до 30.06.2023 година, за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈПЕД ЕНЕРГО Прилеп, ги усвоија годишните програми за работа за основните и средните општински училишта и годишните финансиски извештаји на средните општински училишта за учебната 2023/2024 година и одлучија возилото за прифатилиште на бездомни кучиња  да му биде доделена на ЈКП ,,Комуналец’’ Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп

Пела Редакција

СВР Битола и ОВР Прилеп го одбележаа Денот на македонската полиција, 7ми Мај

Николоски: Очекуваме референдумска излезност на 8 ми мај!!!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе