На еден несекојдневен но едукативен начин низ песни , рецитали и драматизација на могилата на непобедените , учениците од ООУ Кочо Рацин ја одбележаа 82 годишнината од започнувањето на востанието против фашистичкиот окупатор.На различни теми поттикнати од минатото . прилепските основци се претставија со најразлични точки на овој интегриран работен ден чија цел е преку вакво одбележување да се научи многу повеќе за минатото на својата земја и како треба да се сака својата татковина.
Рециталот “Октомври” , музичко сценската изведба “Земјо моја” , драматизацијата “Прилеп ја пишува историјата” како и музичко сценската изведба “Заветна”беа дел од чествувањето на празникот 11 октомври , кое учениците денеска го пренесоа со голема гордост и почит и кон оние кои загинаа за денешната слобода.
Покрај овој интегриран ден , активностите на училиштето во чест на празникот продолжуваат и со ориентационо трчање како натпревар , “Партизаните до целта ” како и со пишвање на акростих (акроним поврзан со празникот)