5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (57)

Пишува: Зоран Момироски

  • ГОЛЕМА БИЗНИС БУНА СЕ СПРЕМА СО КРИВИЧНИ  ПРИЈАВИ И СО БАРАЊА ЗА ОТШТЕТА ПРОТИВ СИТЕ ИНВОЛИВИРАНИ ОД АПЛИЦИРАЊЕ ДО РЕАЛИЗИРАЊЕ  НА  ЗАПОЧНАТАТА  РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЛЕЦЕ КОТЕСКИ“. ОВА ВЕЛАТ НЕ ЛИЧИ НИ НА СОКАК НИ НА МАЛСКА УЛИЧКА, А ЗА СОВРЕМЕН ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ НА ПРИЛЕП КОН КРУШЕВО МОЖЕ САМО ДА СЕ СОНУВА. ЗГОРА НА ТОА ШТО ПРОЕКТОТ E ЦЕЛОСНО УТНАТ КАКО ЗА СЕГАШНИ И ИДНИ  ПОТРЕБИ, САМАТА ГРАДЕЖНА АКТИВНОСТ Е ВОН СТАНДАРНА И НЕ Е ПРОФЕСИОНАЛНА. ТОКМУ ПОРАДИ ВАКВИТЕ ПРОПУСТИ УШТЕ СЕГА СИТЕ ФИРМИ И НАСЕЛЕНИ МЕСТА КОИ  ГРАВИТИРААТ КОН ОВОЈ ДЕЛ ОД ПАТОТ БЕЛЕЖАТ ОГРОМНИ  ЗАГУБИ. НАМЕСТО НОВОТО СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ  ДА ПОНУДИ НОРМАЛЕН  УСЛОВ ЗА ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ И ДА ГАРАНТИРА ПРИСТАПНОСТ, БРЗИНА И ЕКОНОМИЧНОСТ, СИТЕ СЕ ЧУДАТ КОЈ „МАЛОУМНИК“ ПОБАРАЛ  ВАКВО ПРОЕКТ РЕШЕНИЕ!?! И КОИ УШТЕ ПОГОЛЕМИ „МАЛОУМНИЦИ“ СЕ ПРАВАТ НА МУТАВИ  И СИ МОЛЧАТ, А ПРИТОА СО МАЛИОТ ПРСТ НЕ  САКААТ ДА  МРДНАТ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ОВАА УРБАНА  КАТАСТРОФА – ПРАШУВААТ  БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ОВОЈ ДЕЛ НА ГРАДОТ?!? ВО НИВНОТО ОТВОРЕНО ПИСМО МЕЃУ ДРУГОТО СТОИ: „ПОДОЛГО ВРЕМЕ СО МЕСЕЦИ СЕ СООЧУВАМЕ И СО НЕСТРУЧНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ, НО И СО ПРЕДВИДЕНИТЕ РОКОВИ, НАЧИНОТ И ТЕКОТ НА САМИТЕ  ГРАДЕЖНИ РАБОТИ КОИ СЕ ИЗВЕДУВААТ НА ЦЕЛАТА ОПЕРАТИВА КОЈА НА          2 .130 МЕТРИ СКОРО 10 МЕСЕЦИ ЌЕ ГО ОНЕВОЗМОЖИ ПРИСТАПОТ ДО НАШИТЕ ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ. ОСОБЕНО ШТО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД БИЗНИСОТ Е ПРЕКУ ТРАНСПОРТ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ СО ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА. А, ШИРИНАТА НА УЛИЦАТА НЕ ГИ ЗАДОВОЛУВА СТАНДАРДИТЕ НА РЕГИОНАЛНА УЛИЦА ИЛИ РЕГИОНАЛЕН ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО ГРАД. ОВА Е СТРАМ  ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ И ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. ОВА Е СТРАМ ЗА ГРАДОТ! “И  ПОКРАЈ СИЛНИТЕ РЕАКЦИИ  СИТЕ  ПРОДОЛЖУВААТ ДА МОЛЧАТ И НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ, ПА ДУРИ  И НОВИНАРИ И ГРАЃАНИ.

 

  • МОЛК И ВО СОВЕТОТ ОД СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВЛАДЕЧАКОТО МНОЗИНСТВО. ОСОБЕНО КОГА СТАНУВА ЗБОР  ЗА ТОА – ШТО ИМА СРАБОТЕНО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП. НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА ПОБАРАА НА ДНЕВЕН РЕД ДА БИДЕ СТАВЕНА ПОСЕБНА ТОЧКА  ЗА ОВА ПРАШАЊЕ, КАКО И ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА И ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА НА ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА КОИ ИМААТ ВИТАЛНА ФУНКЦИЈА ВО ГРАДОТ.  ЕДНОГЛАСНО ОВОЈ ПРЕДЛОГ НА ПРИЛЕПСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ОД СДСМ ГО ОДБИЛЕ СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ. ПОКРАЈ ТОА И БОКИО СИ СЕДЕЛ ВО СВОЈОТ КАБИНЕТ И НАЈВЕРОЈАТНО СИ МИСЛЕЛ: МОРЕ КОЈ ВЕ … И ВО ПРАВО Е ЧОВЕКОТ БЕЗ МАЛКУ КАКО ОНАА НАРОДНАТА … МУ Е, ДВОР МУ Е …ПО ОВА СОВЕТНИЦИТЕ  ОД  ОПОЗИЦИЈАТА  СИ ПОМИСЛИЛЕ – ДАЛИ НЕ Е ПАМЕТНО ДА СИ ЗАМИНАТ ОД СЕДНИЦАТА? АМА НАЈВЕРОЈАТНО НЕКОЈ МУ РЕКОЛ „СУС БРЕ КАУРИ!!! ДОТОЛКУ НЕ Е ДОГОВОРЕНО ДА СЕ ОМРАЗУВАМЕ.“ ИСТО КАКО ШТО МУ БИЛО РЕЧЕНО „СУС“ И НА ДРУГИТЕ СОВЕТНИЦИ ОД  ОД ОВОЈ  ПОБЕДНИЧКИОВ  ТАБОР ДА МОЛЧАТ. НО, И ДА НЕ ОДГОВОРААТ ИЛИ РЕПЛИЦИРААТ НА ПРЕДЛОЗИТЕ НА КОЛЕГИТЕ ОД СДСМОВСКИОТ  ТАБОР. ДОДЕКА ОВАА  ЦИРКУС  ИГРАНКА СЕ ОДИГРУВАЛА ВО САЛАТА, АМА НЕ МНОГУ ЗАБЕЛЕЖЛИВА ЗА ЈАВНОСТА, НАЈВЕРОЈАТНО БОКИО СИ СЕДЕЛ ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКИОТ  КАБИНЕТОТ И СИ ЈА ПЕЕЛ ПЕСНАТА: „ОРДАН СЕДИ НА КУЛАТА!!!“

 

  • СО ПАТРИОСКИ ПЕСНИ ЗА МЕТОДИЈА ПАТЧЕВ, ЗА АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ, ЗА ПИТУ ГУЛИ, ПА И  ЗА МАКЕДОНИЈА, ПРОДОЛЖУВААТ ПРОТЕСТИТЕ НА НЕЗАДОВОЛНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ. МОТИВИРАНИ ОД ПАТРИОТСКИТЕ ЧУВСТВА, А РЕВОЛТУРАНИ ОД НИСКИТЕ ПЕНЗИИ СО БЛОКАДИ НА КРСТОСНИЦИ И УЛИЦИ ВО ГРАДОТ ПРОДОЛЖУВААТ ДА БАРААТ ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5 000 ДЕНАРИ. И НЕ Е ПРОБЛЕМ ТОА Е АПСОЛУТНО И ЛЕГИТИМНО ПРАВО ДА СЕ БАРА ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ ЗА НАМАЛЕН ЖИВОТЕН СТАНДАРД. ЗА МЕНЕ Е ПРОБЛЕМ – ЗОШТО НА ОВИЕ ПРОТЕСТИ НЕКОЈ НЕ ИМ ДАДЕ СООДВЕТНА  ЛОГИСТИКА И СО ТОА ПРАВИЛЕН ПРИСТАП ВО ПРОТЕСТИТЕ. НАСЕКАДЕ ВО СВЕТОТ ВАКВИ И СЛИЧНИ ПРОТЕСТИ ЗАПОЧНУВААТ СО ДРЖАВНАТА ХИМНА. КАЈ НАС, ПАК, ОВИЕ ПРОТЕСТИ ЗАВРШУВААТ СО ДРЖАВНАТА  ХИМНА. НЕКОЈ ЌЕ РЕЧЕ: ОВОЈ  НЕМА ЗА ШТО, ПА СЕ ФАТИЛ ЗА ХИМНАВА?! НА КРАЈ, СТАНУВА ЗБОР ЗА ПЕНЗИОНЕРИ КОИ СЕ ВОЗРАСНИ ЛУЃЕ. Е ПА ЗАТОА ВЕЛАМ: ИМ ТРЕБА ДОБРА ЛОГИСТИКА И АДЕКВАТНА ОРГАНИЗАЦИЈА!

 

  • ДОБРО Е ШТО ОВИЕ ПРОТЕСТИ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГИ ОДРЖУВААТ НА ПЛАДНЕ. НЕ ДАЈ БОЖЕ  ДА ТРЕБАШЕ  ДА ПРОТЕСТИРААТ НАВЕЧЕР КОГА ПОЛА ГРАД Е ВО МРАК ПОРАДИ СЕУШТЕ  НЕ РАСПИШАН И НЕ УТВРДЕН ТЕНДЕР ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА ГРАЃАНИТЕ СИ  ПЛАЌААТ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ СЕКОЈ МЕСЕЦ СО СЕКОЈА СМЕТКА ЗА ПОТРОШЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА. И НЕ Е ПРОБЛЕМ ТОА, ТУКУ Е ПРОБЛЕМ ШТО СО МЕСЕЦИ СЕ ДОЗВОЛУВА  ОВОЈ ПРОБЛЕМ ДА СЕ ОТСТРАНИ. ЕДНО ВРЕМЕ БОКИ ВЕТУВАШЕ ДЕКА ТЕНДЕРИРАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ПРЕКУ ЈП ЕНЕРГО ПРИЛЕП. ПА ТОА ДОДЕКА ПРЕТПРИЈАТИТЕТО НЕ СЕ ЕКИПИРА, ЗА САМО ДА ЈА ИЗВРШУВА ОВАА УСЛУГА. АРНО АМА НАМЕСТО ТОА, ЗА САМО ДВЕ ГОДИНИ ОД СТАПУВАЊЕТО НА ФУНКЦИЈА БОРЧЕ , НЕ САМО ШТО НЕ УСПЕА ДА ГО НАПРАВИ ПРЕТПРИЈАТИЕТО КАКО ШТО ВЕТИ, ТУКУ  СЕГА  ЕНЕРГО  ПРИЛЕП  НЕМА НИТУ ДИРЕКТОР, НИТУ ВРАБОТЕН ЧОВЕК. ОТИ  ДИРЕКТОР КОЈ САМО ФОРМАЛНО ПРАВНО  ГО ИМА НА ХАРТИЈА, БРЗО, АМА ЕПТЕН БРЗО ЈА РАЗБРАЛ  ИГРАТА ОКОЛУ  ФОРМИРАЊЕТО И ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ОВА ПРЕТПРИЈАТИЕ И ЧОВЕКОТ СИ ЗАМИНА СО ЦЕЛ НЕШТО ДА РАБОТИ, ДА БИДЕ КОРИСЕН, А НЕ ЏАБЕ ДА ,,ЛЕЖИ“ И САМО НАРОДСКИ ПАРИ ДА ЈАДИ.

 

  • ГРАЃАНИ ОД ЕДНО МАЛА УЛИЧКА ГО БАРААТ  ТАТКОТО  НА ГРАДОВ  БОКИО ,,ИКЕБАНАТА“ ДА ДОЈДЕ И ДА ГИ ПОЗДРАВИ И ДА ОДРЖИ ГОВОР  ПО ПОВОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА И АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЧКАТА „НАУМ НАУМОСКИ БОРЧЕ“ ВО МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА ВИШНЕ. НЕ МОРА ДА БИДЕ ГОВОР КАКО ОНОЈ ШТО ГО ДАДЕ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ БОЧВАРСКИ ПО ПОВОД ОТПОЧНУВАЊЕТО СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ЛЕЦЕ КОТЕСКИ. РЕВОЛТИРАНИ ТИЕ ТВРДАТ ДЕКА АСФАЛТОТ Е ИЗГРЕБЕН ПРЕД СКОРО ТРИ МЕСЕЦИ, АМА НА НОВИОТ ВЕРОЈАТНО ЌЕ ТРЕБА ДА ПОПРИЧЕКААТ УШТЕ ТОЛКУ, ОТИ ЗА БРЗО ЗАПОЧНУВА ЗИМСКИОТ  РЕЖИМ ЗА ГРАДБА И ЗА СООБРАЌАЈ.

 

  • ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ПОВТОРНО  РАСПИШАА ТЕНДЕР ЗА КРУЖЕН ТЕК ЗА РАСКРСНИЦАТА КАЈ ДЕВЕТТОКАТНИЦИАТА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ Е ШТО ЕДНАШ ОВОЈ ТЕНДЕР ТЕЖОК 5.000.000 ДЕНАРИ ЕДНАШ БЕШЕ  ПОНИШТЕН. ДОБРО УПАТЕНИТЕ ТОГАШ ТВРДЕА ДЕКА ФИРМАТА ПОБЕДНИК СО МАЛИ ОТСТАПКИ ВО ПАРИТЕ БЕШЕ ОТПОВИКАНА ЗАЕДНО СО ПОНИШТУВАЊЕТО НА ТЕНДЕРОТ ПОД ПРИТИСОК ОД ДРУГА ПРИЛЕПСКА ГРАДЕЖНА ФИРМА КОЈА ТРЕБА ДА НАПРАВИ ,,ЛАП ЛАП“ ОД ОВИЕ ПАРИ. ИНАКУ СПОРЕД ДОБРО УПАТЕНИ ТОА ТИ БИЛО ФИРМА „ИГРАЧ“ И СО ЕДНИТЕ И СО ДРУГИТЕ. МОЖЕБИ ОВА СЕ САМО ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ. НО ,ТИЕ ИЛИ ЌЕ БИДАТ ДЕМАНТИРАНИ ИЛИ ЌЕ БИДАТ ПОТВРДЕНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ТЕНДЕРОТ И ИЗБОРОТ НА ЕДЕН ОД  ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ИЗВЕДУВАЧИ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ.

 

  • КОНЕЧНО МИ ОЛЕСНА КОГА ПОДРАЗБРАВ ДЕКА ЛОКАЛНИВЕ ВЛАСТИ РЕШИЛЕ ДА РАСПИШАТ И ТЕНДЕР ЗА ВЕРТИКАЛНА И ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА. НАЈВЕРОЈАТНО СО ОВА ТРЕБА МЕЃУ ДРУГОТО ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ  И СО СЕМАФОРИТЕ  ОСОБЕНО ОНИЕ  ПОСТАРИТЕ ПОСТАВЕНИ УШТЕ ПРЕД ТРИЕСЕТИНА ГОДИНИ КОИ ЕДВАЈ ПОЛОВИЧНО ФУНКЦИОНИРААТ. АМА СО ОВОЈ ТЕНДЕР, ВЕЛАТ УПАТЕНИТЕ, ТИ ТРЕБАЛО ДА БИДАТ ОПФАТЕНИ И „ЛЕГНАТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ“ КОИ ГИ ИМА ВО ГРАДОВ. И ТОА ПРЕД УЧИЛИШТАТА И ПРЕД МЕСТА КОИ СЕ МНОГУ ФРЕКВЕНТНИ И ОПАСНИ ЗА ПЕШАЦИТЕ. ПОДОЛГО ВРЕМЕ УКАЖУВАВ ДЕКА СЕГАШНИТЕ НАПРАВЕНИ ПО ТЕРК ОД 1954 ГОДИНА ГИ ИМА САМО ВО ПРИЛЕП И УШТЕ ВО НЕКОЛКУ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА. ПОНЕКОГАШ ДУРИ СИ ПОСТАВУВАВ И ПРАШАЊЕ: КАКО ВО ИТНИ СЛУЧАЕВИ ВОЗИЛАТА ОД  БРЗА ПОМОШ ГО ПРЕЛЕТУВААТ ОНОЈ ФАМОЗЕН „ЛЕГНАТ ПОЛИЦИАЕЦ“ ПРЕД АРХИВ. И, КАКО ДО СЕГА НЕКОЈ ОД БОЛНИТЕ КОИ  ИТНО ГИ ТРАНСПОРТИРААТ ВО БОЛНИЦА НЕ ИЗЛЕТА КОМПЛЕТ СО СЕ’ КОЛИЧКА ОД ВОЗИЛОТО. НА ПРЕТХОДНИТЕ ВЛАСТОДРЖЦИ  НА ЛОКАЛНО НИВО ОВИЕ ПРОБЛЕМИ НЕ ИМ БЕА ВО ФОКУСОТ НА ИНТЕРЕС ЗА ДА РЕШААТ ВАКВИ СИТНИ ПРОБЛЕМИ. НАЈВЕРОЈАТНО ОТИ ТУКА СЕ ВО ПРАШАЊЕ СИТНИ ПАРИ. ЗА НИВ МОЖЕБИ И ЕДНО  ОШТЕТУВАЊЕ НА ПРЕДНИЦА НА ЕДЕН АВТОМОБИЛ Е „МАЧКИНА КАШЧИЦА“. А, ТОКМУ ЗА ОВА, ПОВЕЌЕ ВОЗАЧИ И СОПСТВЕНИЦИ  НА  АВТОМОБИЛИ СО ГОДИНИ СЕ ЖАЛАТ И БАРААТ НОРМАЛНИ И АДЕКВАТНИ „ЛЕГНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ“.

 

  • „КУЧИЊАТА ЛААТ, КАРАВАНОТ СИ ВРВИ“ПОД ОВАА НАРОДНА ПОГОВОРКА ГЛЕДАМ  КОЛЕГИВЕ ТРЕТИРАЛЕ  ПРАШАЊЕ И ПРОБЛЕМИ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ВО ГРАДОВ, А ВО СУШНОСТ СТАНУВА ЗБОР ЗА ПРОМОЦИЈА НА ВОЗИЛО ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ НА КУЧИЊА. АЈДЕ ТОА ШТО НАШЛЕ МОДУС, ПО ОВА СУШТИНСКО И ЗАГРИЖУВАЧКО ПРАШАЊЕ МЕЃУ ДРУГОТО ИНФОРМИРААТ ДЕКА ГОДИШНО ОД КАСНУВАЊЕ НА КУЧЕ СКИТНИК ГРАЃАНИТЕ ОД  ЈКП КОМУНАЛЕЦ И ОПШТИНАТА ЛАНИ ДОБИЛЕ ОБЕШТЕТУВАЊЕ  ОД 100.000 ЕВРА. СУМАВА МАЛКУ МЕ ЗАЧУДИ. ПА НАПРАВИВ МАЛО ИСТРАЖУВАЊЕ. ГОДИШНО ДВЕТЕ  СПОМЕНАТИ  ИНСТИТУЦИИ ПЛАЌААТ  ПО ОКОЛУ 30.000 ЕВРА ОШТЕТА ЗА ГРАЃАНИ. И ОВА Е ГОЛЕМА СУМА, НО, ДО 100.000 ЕВРА РАЗЛИКАТА Е ЕПТЕН ГОЛЕМА?! МЕЃУ ДРУГОТО СЛУЖБАТА ЗА ЗАЛАВОВУЊЕ  ГОДИШНО ТРЕТИРА ОКОЛУ 100 КУЧИЊА.  АМА НИКОЈ НЕ КАЖА ДЕКА ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ И ФОРМУЛИ ВО ОПШТИНАВА ИМА НАД 600 КУЧИЊА СКИТНИЦИ. СОСЕМА Е ИЗВЕСНО ДЕКА ОВА СО КАСНУВАЊЕТО НА КУЧИЊАТА И ИСПЛАТАТА НА ШТЕТА ПОСТОЈАТ  РЕАЛНИ ПРЕТПОСТАВКИ ДЕКА ПОКРАЈ ВИСТИНСКОТО КАСНУВАЊЕ  ИМА  И ТАКА НАРЕЧЕНА „КУЧЕ МАФИЈА“ СО КОЈА ПОЕДНИЦИ ИНКАСИРААТ ПО ПРИЛИЧНО ПАРИ ВО ДОМАШНИОТ  БУЏЕТ. А ПОСТОЈАТ И ПРИМЕРИ  КАДЕ ШТО ЛУЃЕ КОИ СЕ РЕАЛНО НАПАДНАТИ И КАСНАТИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ  ДА НЕ МОЖАТ  ДА ГО ОСТВАРАТ СВОЕТО ПРАВО. СО ГОДИНИ ПОСТОИ ПРАКТИКА ВО ПАЗАРНИ  ДЕНОВИ ГРАДОТ  ДА БИДЕ ПОЛН СО КУЧИЊА СКИТНИЦИ. НЕЗНАМ ЗОШТО НА ХРАБРИВЕ НЕ ИМ ТЕКНАЛО ДА ПРАШААТ ОД КОИ КАМИОНИ И КОМБИЊА И НА КОИ МЕСТА СЕ НОСАТ И СЕ ИСПУШТААТ, ОДНОСНО СЕ ОСТАВААТ КУЧИЊА ОД СЕЛАТА И ОД СОСЕДНИТЕ ГРАДОВИ  ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП. И ЗА ОВА СИТЕ ЗНААТ АМА  СИТЕ СИ МОЛЧАТ.

 

  • ГЛЕДАМ ОВА ЕДНОНАМЕНСКИОВ ФБ ПРОФИЛ ПАК НЕШТО ПОЧНА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО МЕНЕ. ВЕРОЈАТНО ПОРАКАТА ШТО ДОБРОНАМЕРНО МУ ЈА УПАТИВ ВО МИНАТАТА КОЛУМНА  НЕ ЈА РАЗБРАЛЕ. ТОА НЕ Е МОЈ ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ  Е ШТО ЗА ГРАДЕЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ КАЈ  ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ЗНАЕЊЕ И ПРИСТАП. ТОЧНО Е ДЕКА СЕГА ПИШУВАМ КОЛУМНИ. ДАЛИ ПРЕКУ ХУМОР, ДАЛИ ПРЕКУ ДРУГ НАЧИН, ЈАС ГО ИЗРАЗУВАМ НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА ГРАЃАНИТЕ, А НЕ ЛИЧНАТА СУЕТА ИЛИ ПОТРЕБА НА ПОЕДНИЦИ. КАКО ШТО ГО ПРАВИТЕ ВИЕ ОД „ЉУБОВ“ КОН ПАРТИЈАТА. БИДЕЈЌИ КАКО ПОЕДИНЕЦ МИ СЕ ОБРАЌАШ, МОЈ СОВЕТ Е ДА НЕ ГО ЗЛОУПОТРЕБУВАШ ОВОЈ ФБ ПРОФИЛ. ЗА ИЗБОРИ СИ  ЗАДОЛЖЕН И ЗА КАМПАЊА, А НЕ  ДА ТРОПАШ КАКО ТЕБЕ ТИ И ПО КЕИФ И ТВОЈАТА СУЕТА. АМА НЕ И НА НЕКОИ ОКОЛУ ТЕБЕ КАКО ШТО  ВИ УЈДИСУВА. МОЈАТА СУЕТА ОДАМНА Е НАДМИНАТА РАБОТА. ОВДЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ТВОЕ ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ КОЕ СЕ СТЕКНУВА ДО 7 ГОДИШНА ВОЗРАСТ. И ПРИТОА,  НЕ МОЖЕ И НЕ Е ЕТИЧКИ ДОЗВОЛЕНО ВО ЕДНОНАМЕНСКИ ФБ ПОРТАЛ  ДА ЈА ПРИМЕНУВАШ ОНАА НАРОДНАТА „ДРЖИ ГО КОПИЛЕВО, ЗА ДА И ВИКАМ НА СТАРАТА КОПИЛЕШКА“. ЈАС ПИШУВАМ СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ. АЈДЕ ТИ УБАВО АКО ИМАШ МАЛКУ ДОБЛЕСТ ИЗМОЛКНИ СЕ ОД  „АНОНИМНОСТ“ ИЗЛЕЗИ СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ПРЕД  ЈАВНОСТА, ПА ДА ВИДИМЕ  ШТО МАЖИШТЕ СИ, ОД КАДЕ ПЛАТА ЗЕМАШ И ЗА КОЛКУ ПАРИ ПЛУС СИ КРЦКАШ!!! ИЛИ САМО ТИ ДАЛЕ ПАРТИСКА ЗАДАЧА, ПА СКРИЕН „БЕЗИМЕНКО“ ИСПОЛНУВАШ ТВОИ  И ЖЕЛБИ НА ТИЕ ОКОЛУ ТЕБЕ. НА ВРЕМЕТО ТОЈ ТИП НА „ПАРТИСКА КАМПАЊА“ ВО РАДИО ПРИЛЕП ЈА ВИКАВМЕ  „ПОЗДРАВИ И ЧЕСТИТКИ НА НАШИ СЛУШАТЕЛИ“, А НАЈМНОГУ ЈА СЛУШАА СВАДБАРИТЕ, ПА ПОТОА  СВАТОВИТЕ И СВАЌИТЕ, КАКО И ЗЕТОТ И НЕВЕСТАТА. АКО ОВОЈ ПРОФИЛ ВИ Е НАПРАВЕН ЗА ТАА НАМЕНА, ТОГАШ И ВО СЛЕДНАТА ВАША „ЕМИСИЈА“, ПАРДОН „МИСИЈА“ СЛОБОДНО ДА СЕ ЗАНИМАВАТЕ СО МЕНЕ.

Би можело да ве интересира

Апел: Да не се палат стрништа, голема е опасноста од пожари, а високи се и казните!

Гордана Цветаноска

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(16)

Гордана Цветаноска

Фестивал на жетвата од денеска во Новаци

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе