11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Судијката Јасмина Шишковска Стојковиќ е избрана за претседател на Основниот суд во Прилеп.

Судијката Јасмина Шишковска Стојковиќ е избрана за претседател на Основниот суд во Прилеп, согласно денешната одлука на Судскиот совет.

Шишковска Стојковиќ имала еден противкандидат, но била едногласно избрана со 10 гласа „за“

За Шишковска Стојковиќ било истакнато дека и досега ја вршла должноста претседател на судот во Прилеп, кој во моментов е во незавидна состојба, со бројот на судии. Според систематизацијата во Основнот суд Прилеп, прилепскиот судот треба да има 18 судии, а тој има само четворица судии. Но, и во такви услови Шишковска Стојковиќ успеала да ја одржи неговата функционалност, било објаснувњето при нејзиниот избор за претседател.

Предходно, три месеци, судијката  Јасмина Шишковска Стојковиќ, беше в.д. претседател на Основниот суд Прилеп, по заминувањетово пензија на предхосниот претседател на судот.

На денешната седницата на Судскиот совет била утврдена и конечната ранг-листа за избор на судии за Апелациониот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

„КЛИМЕНТОВЦИ“ знаат – вреди да се штеди

Пела Редакција

Сребро за Петар Мирчевски на Олимпијадата по хемија

Пела Редакција

Прва книга на македонски јазик од турската авторка Гонџа Озмен

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе