11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изборите да се спојат – порача Мицкоски од Прилеп

Денеска во Прилеп како дел од теренската акција „Важно е, од тебе зависат промените“, беше во посета Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ. Тој најави дека заедно со потпретседателот на партијата Николоски, со градоначалникот Борче Јовчески, прилепските пратеници од опозицијата,  претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски,  советници, поддржувачи и активисти пред салата Македонија од 18 часот ќе се одржи мини митинг како дел од предкампањските партиски активности. Како што посочи лидерот на најголемата опозициска партија целта е на ваквите средби да чујат од граѓаните што е за нив важно, а што би требало да биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, како и кои се очекувањата од идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека во тек е реализација на јасна методологија што е тоа што ќе може да се исполни без при тоа да се очекуваат чуда. За Прилеп посочи дека во тек е реализацијата на проектите за рехабилитација на улиците. Општината од идната Влада треба да очекува во еден четиригодишен мандат дека ќе бидат инвестирани до 34 милиони евра.

Добрата вест е дека за неколку месеци од денеска ќе имаме Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Влада која што на целата територија на Македонија во сите општини, без разлика дали градоначалникот е од редот на ВМРО-ДПМНЕ или не е од редот на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме насекаде да инвестираме. И минатиот пат кога бев во Прилеп кажав, но сакам и сега да повторам дека повеќе од 250 милиони евра годишно ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините. Во Прилеп овде во еден четиригодишен мандат ќе бидат инвестирани до 34 милиони евра помеѓу 8 и 8,5 милиони евра годишно. Што ценам дека е бројка која што навистина ќе допре до секој граѓанин во Прилеп, рече Мицкоски.

Во однос на претстојните избори претседателски и парламентарни, лидерот на ВМРО ДПМНЕ го повтори ставот дека тие треба да се одржат заедно:

Треба што поскоро да заврши дискусијата околу техничките препораки и измени во Изборниот законик кои се дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР, бидејќи доцниме и сме влезени во фазата шест месеци пред избори. Мислам дека следната недела ќе има сериозен напредок на таа тема. Очекувам и дефинирање на дата за изборите. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен – парламентарните и претседателските избори треба да бидат заедно во почетокот на мај и да не ги трошиме дополнително парите на граѓаните. Што се однесува до комуникација со СДСМ во рамките на парламентот има средби на кои што се дискутира изминативе неколку денови околу техничките препораки и техничките измени во изборниот законик кои што се дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР и ценам дека тоа треба час поскоро да се заврши. Исто така очекувам и дефинирање на датум за избори. Тоа што некој се обидува преку примитивни би рекол политички логики и комбинаторики повторно сето тоа да го стави на трошок на граѓаните тоа е негов проблем. Но јасен е ставот на јавноста, ставот на граѓаните и ставот на ВМРО-ДПМНЕ, избори треба да има на еден трошок, од еднаш, споени и претседателски и парламентарни за неколку месеци од денес – изјави Мицкоски.

Тој се осврна на случајот Онкологија или скандал Диво месо укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат.

„Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники. Истражуваме и скоро и за тоа ќе излеземе во јавноста.  На канцер мафијата мора да и се стави крај“, информираше Мицкоски потенцирајќи дека се истражуваат наоди и за УКРО и за други клиники.

Би можело да ве интересира

Точила инфраструктурно се уредува

Елизабета Филипоска

Се’ е подготвено за фестивалот на пивото и скарата

Гордана Цветаноска

Приведен измамник баран со централна потерница за издржување казна затвор од 2 години

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе