11.7 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Украл 3 возила и и’ признал на полицијата

Полицијата расчисти три кражби на возила во Прилеп, сторителот бил приведен и тој ги признал делата.
Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11) го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на  14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128″, на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико” и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра”.
Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило.
По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, “одземање на патничко моторно возило”.

Би можело да ве интересира

Борче Сркески е среќникот за Водици во Големо Коњари

Пела Редакција

Технологијата во служба на негување на традицијата (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

Утре, четврток, без електрична енергија три прилепски села

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе