3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба „Али Фети Окјар – сомислител и соработник на Ататурк“ во ЦК Марко Цепенков

Во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков, Прилеп, утре, петок, 10 ти ноември, од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Али Фети Окјар – сомислител и соработник на Ататурк“. Со овој проект НУ Завод и Музеј Прилеп ги завршува  сите тековни активности и планирани проектни програми.

– Со овој проект ја завршуваме и целата проектна програма од 2023 та година во областа на музејската дејност. Со овој проект  го промовираме и го истакнуваме значењето на Али Фети Окјар како роден прилепчанец, кој постигнал преголеми политички и животни успеси во Република Турција. Со тоа даваме значење дека годинава се навршуваат 100 години од основањето на турската република, а ние како институција даваме допринос за една конкретна соработка меѓу Република Македонија и Република Турција,“ посочи директорот Горан Цветкоски, директор на НУ Завод и Музеј Прилеп, при тоа најавувајќи дека и наредната година институцијата ќе има бројни проекти од областа на музејската дејност.

Проектот е финансиран од Министерството за култура во Програмата за остварување на проекти од национален интерес за 2023 година.

 

– Овој проект го започнавме сите заедно пред неколку години кога објавивме неколку значајни моменти од животот на Али Фети Окјар. Оваа година има два значајни датуми кои се поврзани за Република Турција и за Република Македонија бидејќи 10 ти ноември не случајно го одбравме како датум за отворање на оваа изложба. Тоа е денот кога е починат големиот Ататурк, големиот татко на современа Турција. Али Фети е еден од најголемите соработници на Ататурк. Во реализација на проектот помогна Жарко Ристески, кој беше воен аташе во македонската амбасада во Турција и негов е преводот во текстот на каталогот и на банерите од изложбата. Изразувам благодарност до колешката Билјана Богданоска, која се погрижи за дизајнот, графичкиот приказ и компјутерската обработка на материјалот, рече Рубинчо Белчески, историчар, кустос, автор на изложбата.

Изложбата содржи 12 банери со текст на македонски и на турски јазик со вкупно 150 хронолошки наредени фотографии.

Во првата фаза од проектот на 8 ми мај годинава, во присуство на истоименикот, внукот на Али Фети во Прилеп беше одбележана 80 години од смртта на Окјар, а неодамна, на 29 ти октомври се одбележаа 100 години од прогласувањето на Република Турција.

Али Фети Окјар достигнал до највисоките позиции на Турција и на османската и на републиката, бил 5 пати пратеник, 3 пати министер за правда, за внатрешни работи и за безбедност, а 2 пати бил премиер, а во периодoт на прогласувањето на Турција за република, Ататурк бил претседател, а Окјар претседател на Националното собрание, во неговиот работен век бил амбасадор во 3 држави.

 

Би можело да ве интересира

Водата од јавните чешми во 7 села и од две крајпатни чешми не е исправна

Гордана Цветаноска

Фондацијата на Заев донира 100 илјади денари за четирите семејства чии куќи изгореа во пожарот од гром

УТРЕ СЕ ПУШТА САЈТОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ОД КОВИД – КАКО ЌЕ СЕ ВРШИ ПРИЈАВУВАЊЕТО?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе