11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вредни ваучери во Авто Контрол за зголемување на безбедноста во сообраќајот

Од среда 15-ти номври започнува задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата, а ова е последно предупредување до сите учесници во сообраќајот да ги проверат своите пневматици и реагираат навреме. Ако досега оваа законска обврска сте ја обавувале само со цел да ги избегнете паричните казни, оваа година за прв пат направете го тоа водени од мислата колку човечки животи ќе заштитиме, ако сите се придржуваме до законски предвидените норми за безбедност во сообраќајот.

Водени од таа мисла, а со цел да ја продолжат мисијата за поголема безбедност во сообраќајот АВТО КОНТРОЛ ,  една од компаниите која важи за пример за општествена одговорност, во соработка со УНИ РОЈАЛ , на сите свои клиенти при регистрација на возилата, ќе им подари ваучер во вредност од 1.000 денари за набавка на четири пневматици во УНИ РОЈАЛ.

Од друга страна пак, УНИ РОЈАЛ, при користење на одредени услуги од својот асортиман, на своите клиенти ќе им подари ваучер во иста вредност, кој ќе можат да го искористат при регистрација на своето возило во АВТО КОНТРОЛ.

АВТО КОНТРОЛ како општествено одговорна компанија во врска со грижата за безбедноста на возачите и сите учесници во сообраќајот, самостојно, но и во соработка со останати фирми и државните органи, континуирано организира предавања, превентивни активности, делење на флаери со едукативна содржина и слично. Зголемување на свеста за безбедност во сообраќајот е главната цел на овие активности, посочува Даниела Перканоска, генерална менаџерка на АВТО КОНТРОЛ.

-Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот и заеднички да изградиме систем на општествени вредности во кој културата во сообраќајот ќе има водечко место. Да ја зголемиме свеста и одговорноста на нашите клиенти и сограѓани и сите заедно да допринесеме за безбедно учество во сообраќајот, вели Перканоска.

Ваучерите се единствена можност која што можат да ја искористат совесните возачи, затоа што ниту една сума пари платена платена за нови пневматици и исправност на вашите возила, не е поскапа од изгубен човечки живот. Нека почитувањето на сообраќајните правила и прописи стане наша навика, и сите заедно да придонесеме во промовирање на истите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На 10 тиот ден од протестите се огласи претседателот на прилепското здружение на пензионери

Вработените во Еурокомпозит во очекување на новиот менаџерски тим

Гулабоски: со потпишување на договорот за субвенционирана струја, ќе ја вратиме старата цена на водата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе