14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

За вљубениците на филмот „ЧУВАРИТЕ НА ФОРМУЛАТА„ во киното Мис Стон

Утре, /22.11.2023 / среда, од 19.30 часот во кино Мис Стон ќе се прикажува филмот „Чуварите на формулата“. Влезниците за филмот ќе се продаваат на билетарницата од киното од 10,30 до 13,00 часот и два часа пред почетокот на филнот . ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА/ GUARDIANS OF THE FORMULA (2023) е филм во копродукција на филмските индустрии на Србија, Словенија, Македонија, Црна Гора.

Филмот го престаува перидот во кризата од Студената војна. Група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.

ИГРААТ: Алексис Маненти, Радивоје Буквиќ, Лионел Абелански, Жереми Лаер, Оливије Бартелеми, Алиса Радаковиќ, Ан Сера, Огњен Миќовиќ, Јован Јовановиќ, Жан-Луи Кулок, Седрик Апието, Мики Манојловиќ, Драган Бјелогрлиќ
Филмот е во  режија на Драган Бјелогрлиќ.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот театар со премиера на „Глембаеви“ до крајот на месецов

Гордана Цветаноска

Заедно ја одбележаа Неделата на детето: ДНУ – Прилеп, поетите и децата од детските градинки

Октет Прилеп вечерва ќе одржи годишен концерт

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе