СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

50 + 10 денари за паркинг на Пиво фест во Прилеп

621

„На глава, па наопачки“ така почна расправата по  5-та точка на дневен ред на Советот на Општина Прилеп.

Зошто?!  Па, вчера, организаторите на Пиво фестот 2019, на прес , пред новинартие, јавно кажаа дека „50 ден. ќе биде цената за паркиркирање на возила кои доаѓаат од надвор во Прилеп , за време на Пиво Фестот 2019“.  Но,  советниците денеска на Седница требаа да донесат одлука  “Колкава ќе биде висината на цената за паркинг за време на Пиво фестот?„ Апсурдно,но вистинито!

„Што ,всушност, се случи?!

Пред советницте денеска се најде точката „Предлог – одлука за давање согласност за утврдување на цената за паркинг на патничките моторни возила за време на одржувањето на Пиво Фестот 2019 –ПРИЛЕП“ . Тие денеска требаше да одлучат, која би била висината на цената за паркинг за време на Пиво фестот.

Опозицијата револтирано потенцираше дека наместо  Советот  да носи одлуки за прашања кои се во интерес на граѓаните , тоа го направил организаторот, кој дури ја соопштил и програмата за една од најзначајните и најмасовние манифестации во градот  пред таа да биде разгледана од советниците, кои, пак ,подигаат два прста за доделување на средства ( 2,5 милиони денари од општинскиот буџет), за одржување на оваа маифестација.

„Дали  сме ние само декор или статисти, кога само две недели пред одржувањето на манифестацијата разбираме од медиумите за Пиво фестот, кои ќе настапи, која ќе биде цената на паркингот?“- прашаа од говорницата советниците од опозицијата

“Топката, на некој начин, легна„,  кога еден од советниците предложи да се задржуваат уште по 10 денари за паркинг за време на Пивофестот, а собраните средства да се наменат за хуманитарни цели.  По 10 минутна пауза и консултација со ЈП за ПУП,  дали е тоа законски возможно, советницие едногласно ја прифатија одлуката да се наплаќа 50 ден + ДДВ за паркинг на патничките моторни возила за време на одржувањето на „Пиво фестот 2019“  и да се наплаќаат уште , плус 10 денари без ДДВ, средства, кои ќе се собираат за хуманитарна цел.

Претседателот на Советот нагласи дека по завршувњето на Пивофесот, на првата наредна седница на Советот на Општина Прилеп, Советот ќе одлучи кому ќе му ги додели овие средства, на која организација или лице/а.

Беше донесена и согласноста за утврдување на цената на чистење на речните корита во градот и населените места, како и согласност за утврдување на цена за изнајмување на кафези и заловување на кучињата скитници од првиватни имоти.

На голем дел од советничките прашања,  беше одговорено дека ЈП ќе одговорат, а Председателот на Советот потенцира дека  јавните претпријатеија и другите институции треба да им даваат одговори на совениците што поскоро, за правилно и транспаретно функционирање на Советот на Оптштината.

На денешната Седница беше побарана и промена на Статутот, правилникот, печатот на ЈОУГД „Наша иднина“, со оглед на промената на името на државата, за да можат градинките да функционираат и комуницираат со Минстерството за труд и социјална политика.

Беше дадена согласност за поставување на рекламни паноа на општинските патишта и улици, беше донесена и одлуката за утврдување на надоместокот за поставување на рекламни самостоечки паноа, а советниците се согласија и за ценовник за услуги на ЈП „В и К“ ,за потребите на ЛС, без примена на Законот за јавни набавки.

 

 

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе