ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Црквата „Света Петка“ од Прилеп ја поддржува иницијативата „Сојуз за живот“

450

Во Скопје утре ќе се одржат два протеста „Парада на гордоста“ и „Сојуз за живот“, зад кои што иницијативи се направи поларизација на граѓаните. До  редакцијата на Радио Пела стигна соопштение од црковниот одбор на „Света Петка“ од Прилеп во кое меѓу другото се вели:

ЦЕЛОТО СВЕШТЕНСТВО, МОНАШТВО И ВЕРНИОТ НАРОД НА ПРЕСПАНСКО ПЕЛАГОНИСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА, во целост ја поддржува граѓанската иницијатива на здруженијата соединети во „СОЈУЗ ЗА ЖИВОТ“. Ќе се потрудиме во што поголем број, со целите свои семејства, да бидеме присутни на Светата Литургија во храмот на Мајката Божја во Скопје во сабота на 29.06.2019 г., во 08:30 часот, просејќи и измолувајќи го Нејзиното моќно застапништво, и потоа сите заедно ќе учествуваме во ПОВОРКАТА ПОСВЕТЕНА НА СВЕДОЧЕЊЕТО НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ СЕМЕЈНИ ВРЕДНОСТИ“, се вели во соопштението од црковниот одбор на „Света Петка“ од Прилеп.

Во соопштението се додава дека утре, сабота, во 05.45 часот збирното место е пред реклами, а тргнувањето за Скопје е во 06:00 часот со автобус којшто е обезбеден како слободен превоз.
Маршот под закрила на семејните вредности ќе започне од пред црквата „Св. Богородица“, движејќи се кон Собрание па се’ до Соборниот Храм каде во дворот ќе биде прочитана „Декларација за заштита на бракот и семејството“.
Од друга страна утре ќе се одржи и „Парадата на гордоста“ одбележувајќи 50-годишнина од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, како пресвртна точка за создавање на движењето за права на ЛГБТИ заедиците ширум светот. Организаторите на Парадата на гордоста, ваквиот марш го карактеризираа како контра-протест.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе