11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

По четврт пат „Ќе се гради затворен базен во Прилеп!“ – Агенцијата за млади и спорт бара од Општина Прилеп да се обезбедит локации за изградба на затворен базен

Вистина или илузија?! Ќе се гради затворен базен во Прилеп. Веста е дека Владата обезбедила средства за изградба на затворен базен во Прилеп.

А, во дописот кој од Агенцијата за млади и спорт испратен до градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески стои:

Агенцијата за млади и спорт го реализира Проектот „Изградба на 14 пливачки базени во РСМ”, каде општина Прилеп е предвидена како дел од истиот.
Согласно планот за развој на спортот и изградбата на спортска инфраструктура во Република Северна Македонија, изработен е Основен проект за изградба на типски затворен пливачки базен со можност за изградба на различни локации на рамен терен. Изградбата на базенот треба да овозможи услови за одржување на настава по пливање, обука на непливачи, тренинг, рекреација и натпревар преку целата година за учениците, спортистите, младите луѓе и граѓаните од општината и пошироко. Објектот е наменет за спортови на вода, првенствено за обука на непливачи, односно обука на ученици од помала возраст, но истовремено овозможува и тренинг на деца и спортисти со понапредни способности во пливањето. Објектот исто така овозможува минимум услови за рекреација на локалното население од сите старосни групи во термини посебно определени за таа намена.

Како што се наведува во дописот,  објектот треба да се постави во склоп на постоечки спортски комплекс, училишен двор или други објекти согласно локациските услови.

„Просторот наменет за овој објект треба да е на слободна локација без градби со планирана рамна конфигурација на теренот, кон кој секојдневно гравитира голем дел од населението од општината. Важен елемент за избор на локацијата е и добриот сообраќаен пристап до објектот и поврзаноста со околните објекти. Сообраќајното решение треба да овозможува лесна комуникација и пристап на интервентни возила. При проектирањето се користени сите стандарди и нормативи за проектирање на ваков вид на објекти. Централната просторија на објектот располага со базенско корито димензионирано за обука на непливачи и тренинг и рекреација на пливачи со димензии од 25 м должина и ширина од минимум 8,80м. Минималната длабочина на базенот е 0,8 м, а максималната 1,4 м. Висината на објектот е оптимално димензионирана со цел да се овозможи најекономично користење. При проектирањето се применети препораките, стандардите и нормативите на светската пливачка Федерација FINA“, се наведува во дописот од Агенцијата за млади и спорт.

Ова е четврта најава (обид)  за изградба на затворен базен во Општина Прилеп.

Ваква најава, ветувањето за изградба на затворен олимписки базен, имаше во далечната 2005 година. Базенот требаше да се гради во населбата„Вишне“ на местото на некогашната зоолошка градина, или денешниот стадион со вештачка трева,  а неговата изградба требаше да чини 5,5 милиони евра.

„Здравствено спортско рекреативен центар“ најави екс градоначалникот Илија Јованоски, предизборно пред сала „Македонија“ во неговата кампања за време на локаланите изобри 2017 година,  а 2019 беше најавено дека Спортско – рекреативниот базен е предвиден да се гради во нас. „Точила„,  во период од јуни 2020,  да заврши во јули 2021 г.,  на простор помеѓу ООУ Блаже Конески и СОУ Р.Р.Ричко, како дел од „Предлог – планот за двегодишната развојна програма на Буџетот на Општина Прилеп во 2020 година“  кој беше и прва точка на дневен ред на седницата и која беше изгласана од советниците од тогашниот состав на Советот на Оптшина Прилеп .https://www.prilep.gov.mk/zapochnuvaat-pripremnite-aktivnosti-za-izgradba-na-detska-gradinka-i-zatvoren-bazen-vo-naselbata-tochila/

„Во населбата ‘Точила’ ќе биде изграден покриениот базен, односно спортско-рекреативен центар кој ќе чини 120 милиони денари и кој првенствено ќе биде наменет за учениците од основните и средните училишта, а ќе има термини и за останатите граѓани.“ потенцира пред советниците тогашниот  градоначалник Илија Јованоски, навестувајќи го како еден од  четирите капитални инвестиции од интерес на граѓаните на општина Прилеп, кои ќе бидат реализирани до крајот на 2021 година, https://www.prilep.gov.mk/prilepskite-sovetnitsi-gi-usvoija-razvojnite-programi-na-opshtinskiot-budhet-za-2020-godina/

А, ова, е веќе четврта најава дека во Прилеп ќе се гради затворен базен.

Објектот беше и приоритено барање на младите од Прилеп. „Младите од општина Прилеп се изјаснија дека имаат потреба од Затворен базен, каде ќе можат рекреативно и забавно да го поминуваат слободното време, беше проектот од граѓанско здружени.“ Но, веќе речиси две децении ова беше само  вест.

Инаку , веста прв ја објави пратеникот Миле Талевски,  кои  објави дека се обезбедени средства за изградба на затворен базен во Прилеп.

„Обезбедивме средства за изградба на покриен базен во Прилеп. Докажуваме дека секогаш си стоиме на дадениот збор. Градиме покриен базен за потребите на учениците, спортистите, младите луѓе и за граѓаните на општина Прилеп воопшто.. Еве му прилика на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески да се разбуди од зимскиот сон и да се приклучи кон реализацијата на овој капитален спортски објект. Еве му шанса на Јовчески наспроти теснопартискиот интерес и досегашното кочење на централните инвестиции во градот, да избере здрава и спортски ориентирана младина“, наведува Талевски во објавата.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Какви профили на работници бара Словенија во Прилеп?

Пела Редакција

Мицкоски: Ова се избори на кои народот ќе си ја врати државата

Пела Редакција

Стоби Флипс и Брилијант се најпознати брендови во 2023 година

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе