4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ваучери за инвертер клими, како да се аплицира?

Преку Министерството за економија ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер клими за зголемување на енергетската ефикасност. Граѓаните за оваа мерка ќе можат да аплицираат од денеска, 1 февруари 2024 година, а ќе важи условот прв дојден – прв услужен. Со мерката се предвидува доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел да се зголеми енергетската ефикасност во домовите и да се заштеди електрична енергија. За 2024 година предвидени се 4,1 милиони евра. Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства ваучер во вредност од 25.0000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион (Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени) и Југозападниот регион (Вевчани, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа), за што се предвидени вкупно 100 милиони денари (1,62 милиони евра).

Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на останатата територија на Македонија. Огласите ќе траат 20 дена од денот на објавувањето, со можност за продолжување од 15 дена, во случај на недоволен број пристигнати барања.
Едно лице од едно домаќинство може да поднесе само едно барање за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди.

Огласите се објавени денеска на веб-страната на Министерството за економија во два печатени медиуми.

Ова се условите кои треба да ги исполнуваат сите домаќинства за да го остварат правото на учество по овој јавен огласи:
  • во изминатите три календарски години не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди – печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди;
  • да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот – уредот да биде купен и вграден во текот на 2024 година, а најдоцна до 30.11.2024 година на адресата која е наведена во барањето;
  • набавениот уред задолжително да ги има следните карактеристики: да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15°C  и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;
  • нема да поднесе барање за искористување на финансиска поддршка преку доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди по јавниот оглас од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година (за оние кои ќе аплицираат за Програмата за поттикнување за енергетска ефикасност).

Би можело да ве интересира

Македонски Брод : Костенијадата прераснува во фестивал на костенот (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Запленети 1700 парчиња пиротехника, прилепчанец и битолчанец заработија пријави

Пела Редакција

Забрана на Плетвар и Ќафасан за тешки товарни возила

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе