25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Тутунски комбинат – Прилеп има нов Борд на директори

Акционерските друштва каде што Владата е мнозински сопственик, ги менува членовите на управните одбори, па на ред, дојде и Тутутнскиот комбинат.

Александар Алексовски – дир. на Тутунски комбинат – Прилеп

 

За Генерален директор на Тутунскиот комбинат е избран Александар Алексовски.

Инаку, во извршни членови во одборот на директори беа  именувани : Александар Алексовски,  дипломиран економист ,  Зоран Петрески, доктор на науки по јавна администрација, ќе биде извршен член, Афродита Настеска, магистер по економски науки, која исто ќе биде извршен член , а за неизвршни членови на Одбор на директори се избрани: Гоце Николоски, менаџер по царинско и шпедитерско работење и Афродита Баталоска, магистер по казнено право.

Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп за генерален директор на компанијата го избра Александар Алексовски, а за претседател на Одборот на директори е избран Сашко Вељаноски, кој е исто така дипломиран економист .
Александар Алексовски e роден 1990 година. Дипломирал во 2013 година на Економскиот факултет во Прилеп. Во неговата биографија стои дека има 15 годишно работно искуство, дека работел во компанијата Комфи Ангел, од 2013 година како супервизор и обавувајќи низа одговорни функции во производство, а од 2019 работел во компанијата Гентерм како одговорени за рекламации поврзани со квалитетот на кабли и обавувајќи други одговорни функции.

Би можело да ве интересира

Стоби Флипс и Брилијант се најпознати брендови во 2023 година

Поскапува горивото од полноќ

Земјоделците незадоволни од работата на ресорното министерство за периодот од 2013 до 2016 г.

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе