2.1 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Изгореа куќи во населбата Рид

Рано утрово, околу три часот по полноќ,  беа опожарени две куќи во населба„Рид“на ул. „Мариовска“.  Направена е огромна материјална штета, но за среќа, иако рано наутро кога семејствата спиеле,  нема човечки жртви.

По пријава од сосед, во 2 часот и триесет минути, пожарникарите на ТППЕ Прилеп само за неколку минути, веднаш пристигнале со противпожарни возила и за кратко време успеала да го локализират пожарот и да помогнат тој да не се прошири кај соседните куќи, кои во овој дел на градот се, така речено, доближени една до друга.

„Пријавено беше дека гори помошна просторија од соседната куќа, но кога пристигнавем на терен, беше констатирано дека гори кровната конструкција на една куќа каде беше зафатен и горниот спрат и делумно  кровната конструкција од втората куќа. Пожарот беше локализиран за еден час, а екипите на ТППЕ останаа до 8,30 во расчистување и следење на ситуацијата. Интервениравме со 10 пожарникари и четири протипожарни возила.“ – вели Виктор Стојчески, заменик командир на ТППЕ-Прилеп.

Со оглед на користените градежни материјали и староста на објектите, една од куќите е целосно уништена, а соседната куќа која ја зафатил  пожарот, е делимично оштетена.

Наводно, пожарот започнал од помошна просторија од соседната куќа и поради брзината на ширење веднаш ги зафатил двете соседни куќи, говорат неофицијалните информации. Дополнително ќе се утврдува, што била вистинската причина за настанување на пожарот.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и прилепските пратеници, заедно со претседателот од комисијата за елементарни непогоди при Советот на Општина Прилеп, денеска утрово, ги посетија семејствата на опожарените куќи и ветија дека ќе преземат се’ што е во нивна моќ за да се надополни материјалната штета.

На официјалната FB страна на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески стои:

Денеска ги посетивме нашите сограѓани во населбата Рид, чии што куќи беа опожарени синоќа. Немилиот настан оставил голема материјална штета, иако нашите храбри пожарникари од ТППЕ Прилеп интервенирале во најбрз можен временски рок!
Како градоначалник на Прилеп, заедно со пратениците и советниците, ја понудивме нашата помош и ги уверивме засегнатите семејства дека институциите ќе преземат сѐ што е во нивна надлежност за да им помогнат во оваа тешка ситуација.
Покрај институционалната поддршка, убеден сум дека и нашите сограѓани и многу општествено одговорни компании ќе ја покажат својата хуманост и солидарност! Ве охрабрувам сите да се вклучиме и да им помогнеме на овие семејства повторно да застанат на нозе. Во моменти како овие, најважно е да останеме обединети и да им покажеме на нашите пријатели и комшии дека не се сами!“

 

Би можело да ве интересира

Седница на Совет: за пензионери бесплатен превоз, за студенти стипендии, за згрижување деца воспитни група со поголем број деца…

Пела Редакција

Министре Николовски решете ги цените за старт на тутунскиот откуп!

Гордана Цветаноска

Приведено лице барано со потерница! Го нашле во нас. Тризла- Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе