1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Не е сеедно од каде набавувате детска гардероба!!!

Периодот на летните горештини најважно е за вашите најмили да обезбедите соодветна грижа за здравјето. Облеката е меѓу најважните сегменти. Лесни, комфорни, памучни или ленени парчиња и прозрачна гардероба ќе придонесат вашето дете да го почувствува летото со сите предности и убавини.  Следејќи ги современите трендови, единствениот македонски бренд облека за деца Тила кидс веар уште од самиот почеток користи текстилни материјали кои што  во преден план го имаат здравјето и придобивките од користење на соодветен стандардизиран текстил, а при дизајнот најмногу се води сметка детската облека да биде удобна и привлечна.

 Кои се предностите на текстилот кој што го користи ТИЛА?

„Нашите материјали кои ги набавуваме се пред се’ внимателно избрани внимавајќи на квалитетот и составот на материјалите. Повеќето материјали се со потекло од Европа и состав 100% Памук, но добра соработка имаме и со Турски производители чии материјали се со светски признати сертификати за добар квалитет. Освен тоа што внимаваме многу при изборот на материјали, нашата гаранција за квалитет се однесува најмногу на готовите производи кои пред продажба ги третираме со индустриски перења со цел производот кој што ќе го купат нашите клиенти да остане во иста состојба долго време,“ велат од Тила.

Како резултат на ова, во континуитет расте бројот на задоволни потрошувачи. Неодамна, покрај продавниците во Прилеп, Битола, Скопје, во Капитол Мол, Тила кидс веар отвори своја продавница и во Кавадарци каде, исто како и во останатите три продавници на располагање е целокупната палета од сопственото производство. Во чекор со современите трендови, а во време на летни одмори и високи температури кои бараат дополнителна заштита на нашите најмили, модната линија на Тила кидс веар сега е подостапна од кога било со попусти во својата трговска мрежа до 50 % намалување на цените на одредени артикли во сите продажни места на Тила.

Уникатни со квалитетот, дизајнот на Тила е прилагоден на барањата од родителите и за ова лето: детски и бебешки бањарки за девојчиња и момчиња, впечатливи и удобни за на плажа или за во домашни услови.

Летните семејни спомени се најубави, нека Тила биде дел од незаборавните моменти со вашите најмили!

 

Би можело да ве интересира

Двајца починаа, 34 се заболеа во последните 24 часа – ќе се воведува ли полициски час?!

Елизабета Филипоска

Парламентарни избори – прегласување во Крушево и Долнени, денеска гласаат болните, изнемоштените и затворениците

Гордана Цветаноска

Увоз на работна сила бараат пелагониските стопанственици

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе