18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Заменик министерот Марјан Ристески во прва работна посета на Прилеп

Управниот одбор на Регионалната стопанска комора Прилеп во проширен состав со присуство на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменикминистерот за економија и труд Марјан Ристески, утре,  среда, 4 ти септември во 13:30 часот, во Прилеп ќе одржи седница со четири точки на дневниот ред. На седницата предвидена е расправа за актуелните состојби во стопанството на локално, регионално и на национално ниво. Од страна на претставници на Министерството за економија и труд ќе биде презентирана Информација за новиот закон за нефер трговски практики, по која е ќе се обратат министерот за економија и труд , м-р Бесар  Дурмиши и заменик министерот за економија и труд  Марјан Ристески.

Членовите на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора ќе бидат запознати и со информациите во врска со возвратна посета на претставници на Стопанската комора на Тире, Република Турција, како и со предлогот за организирање на бизнис форум 2026 та година.

Би можело да ве интересира

Саботно пладне со книгата за деца „Илина и шумските тролови“ во „Марко Цепенков“

Осигурителни компании исплатија 1,9 милиони евра за штети од град и мраз, 72% од вредноста на сите земјоделски штети

Гордана Цветаноска

За „Спас за Прилеп“, в понеделник, протест и блокада кај Заполшки мост

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе