11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Средношколци од Општина Кривогаштани и околните села сеуште немаат беспалтен превоз до училиште

Немањето на организиран училишен превоз за околу 100 -тина средношколци од населните места од Општина Кривогаштани и околни населени места, беше тема на дискусија на денешната седница на Советот на општина Прилеп, каде се бараше одговор од надлежните “зошто учениците немаа организиран бесплатен превоз до училиште„?

Родители до нашиот медиум исто така прашаа: „Зошто учениците – средношколци од Општина Кривогаштани и околните села, кои се школуваат во средните училишта во Прилеп немаат бесплатен организиран училишен превоз, иако е тоа е законска обврска? Родителите тврдат дека превозниците кои им земаат пари на децата, ги упатуваа до директорите на средните училиштата за рефундирање на парите, а директорите негирале, дека има можноти парите да се вратат.А, никој не не информира што и како да правиме?„-пишуваат/прашуваат родителите

Директорката на гимназијата „Мирче Ацев„ Весна Михаиловска од говорницата објасни дека јавната набавка за превоз на ученици завршила во законскиот рок и дека учениците на стартот на учебната година немале превоз. „До овој момент превоз немаат само ученици кои користат две линии, затоа што превозникот (имало, само еден економски оператор кој се пријавил) понуди двојно повисока сума од предвидена, зашто беше потребно да се повтори законската процидура за јавни набавка, која според законскиот рок за јавни набавки трае 30 дена и нема да даде резултата до 14-ти октомври, кога ќе биде отворена понудата. Ако се вклопи  сумата, тогаш ќе има можност за бесплатниот превоз и за овие ученици“-рече таа од говорницата, нагласувајќи дека останате ученици кои се превезуваат со уште шест линии редовно ја посетуваат наставата.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески од говорницата појасни дека јавната набавка за избирање на авто – превозник за превоз на ученици- средношколци е направена според законскиот рок. „Но, не можеме да одиме надвор од рамката која е предвидена за оваа намена“ рече градоначалникот Јовечски, нарекувајќи ја понудата на превозникот “непристојно побарување“

Советниците од опозицијата дадоа предлог во иднина да се набават  електрични автобуси и учениците да се превезуваат со јавен градски превоз, наместо преку приватни превозници, за да нема вакви тешкотии, кои патем, како појава  секогаш беше присутна пред стартот на учебната година, без ниту една локана власт да има конкретно решение.

Но, сеуште остана отворени прашањата: „Дали учениците – средношколци, до средината на октомври нема да имаа бесплатен организиран училишен превоз?!“ „Дали средствата кои сега ги даваат во висина од околу 500 денари дневно, за доаѓање до градот во училиште, ќе им бидат вратени (рефундирани)?“ „На каков начин ученици кои не патуваат и не го посетуваат училиштето ќе ги надополнат изгубените часови?!„ “Како ќе се оправда нивното не доаѓање во училиште?„

Инаку, на денешната во дневниот ред на Седница на Советот на Oпштина Прилеп се најдоа над 50 точки.Советниците  го усови квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за втор квартал од 2024 година, дадоа согласност на годишниот план за вработување во 2025 година на ЕЛС Општина Прилеп  и на јавните комунални претпријатија, вклучително и на јавни установи: градинка, училишта, библиотека, старски дом,  ги усвоија тримесечните финансиски извештаји од јавните претпријатија и јавниете установи, годишните програм за работа на средните училишта и се согласија за измените во урбанистичкиот план по барање на физички лица.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

(Видео/Фото) Европско училиште во прилепски рамки

Пела Редакција

Обоено и весело се одбележува „Неделата на детото“ во прилепските градинки

Пела Редакција

Скринингот во градинките заврши, кои ќе бидат новите правила?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе