9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

РК Прилеп со пораз од Бутел

Ракометарите  на Прилеп со 25:18 изгубија на гостувањето на РК Бутел во Скопје, во рамките на 6. коло од Суперлигата. Се чини дека без Владан Кастратовиќ и Никола Јеремиќ, РК Прилеп не можеа да сметаат на изненадување,  се коментарите на познавачите на ракометната игра.

Бутел во еден момент имаше и  двајца исклучени ракометари, но Прилеп не ја искористи дадената ситуација во првото полувреме. А, во второто полувреме за момент, за две-три минути игра момците од Прилеп стигнаа до 11:11, но домаќините возвратија со иста мера, и поведоа со 14:11 во 35 минута. До крајот на мечот во 45 мин. по 16:16 беа постигнати само два гола и поразот беше веќе на видик.

Предводници во листата на стрелци беа Томислав Квастек и Божидар Илиески со по пет погодоци.

Прилепчани моментно се наоѓаат на средината на табелата , на седмото место , со два две победи, еден нерешен натпревар и три порази, со пет освоени бода .

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕПЧАНИ ОТВОРААТ КЛУБ ВО ГЕРМАНИЈА

Елизабета Филипоска

Лавовите ги собраа бодовите од Прилеп (ФОТО)

Никола Димески

Над 300 учесници на џудо турнирот „Прилеп град херој 2024“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе