25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Стеванче Јорданоски избран за претседател на Национална федерација на фармери

Управниот одбор на Националната федерација на фармери (НФФ), на изборната седница на Генералното собрание на здружението, за нов претседател на НФФ го избра Стеванче Јорданоски, долгогодишен член на организацијата и земјоделец од прилепското село Мажучиште. Јорданоски  е земјоделец кој се занимава со производство на пченица, тутун, градинарски култури и одгледување на крави, а целото негово семејство егзистира од земјоделство. Тој доаѓа на местото од досегашната претседателка Васка Мојсовска, чиј што четири годишен мандат заврши.

„Цел живот работам земјоделство. Ние земјоделците се соочуваме со многу предизвици, како климатски промени, пласман и продаажба на земјоделските производи. Во мојот мандат, заедно со членови на Управниот одбор и Извршната канцеларија на организацијата , ќе се залагам за решавање на овие предизвици и создавање подобри пазарни можности за малите зземјоделци, поголемо вклучување на младите фармери во креирањето на земјоделски политики, како и поголеми поддршки за развој на земјоделските стопанства“, истакна Јорданоски по неговиот избор за претседател на Националната федерација на фармери.

Генералното собрание на една од најголемите македонски земјоделски организации се одржа на 25 април 2025 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во присуство на делегати, земјоделци и соработници на организацијата. Со поздравни обраќања во свечениот дел на Генералното собрание се обратија: Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, чиј мандат заврши на ова собрание, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и Сашо Ангеловски, регионален директор за Европа на Шведската организација за развој – We Effect.

 

Би можело да ве интересира

Ве носи РОМАН – Доколку одлучите да го посетите ПАНАЃУРот – АМИНДЕО, ГРЦИЈА нема воопшто да се покаете

Пела Редакција

Од јуни, нова цена за ТВ услугата на „Кабелнет“-Прилеп

(ВИДЕО) Датумот пролонгиран, локацијата иста, течат финалните подготовки за Прилепскиот пивски викенд

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе