0.8 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп се збратими со најголемата измирска општина Буџа

Општина Прилеп се збратими со турската општина Буџа која е најголема во градот Измир. Договорот за збратимување е потпишан во рамки на официјалната посета на делегацијата од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Борче Јовчески, на покана на градоначалникот на Општина Буџа, Ѓоркем Думан.

Градоначалникот Јовчески на својата ФБ страна информираше дека посетата се совпаднала и со одржувањето на 12-тиот по ред „Буџа Балкан Фестивал“. 

Средбите беа од големо значење за збогатување на нашите билатерални односи, а особено ставивме фокус на потпишувањето на Договорот за збратимување помеѓу општина Буџа и општина Прилеп. Ова е значаен чекор кон понатамошно зацврстување на нашите пријателски односи, но и продлабочување на економската соработка, културните разменувања и младинските иницијативи. Преку вакви активности, заедно ќе создадеме платформи за размена на студенти, културни проекти и зајакнување на нашите локални заедници – објави Јовчески на својата ФБ страна.

Тој додаде дека делегацијата остварила значајни средби и со пресатавници од локалните образовни и јавни институции, градинки, училишта и младински центри.

Се запознавме со нивните модели на работа и функционирање и се надеваме дека ќе можеме да ги примениме позитивните практики во нашата општина Прилеп, со цел да го подобриме секојдневното функционирање на нашите јавни претпријатија и административните услуги – напиша Јовчески.

Како што се вели во објавата на  градоначалникот на Прилеп, особено емоционална била средбата со Здружението на иселениците од Канатларци, Ерековци и други населени места од општина Прилеп.

Овие луѓе, иако живеат и работат во Буџа, не ги заборавиле своите корени и родната Македонија.Пренесовме топли поздрави од нашата заедничка татковина и изразивме поддршка и отвореност за идни соработки – псочува Јовчески, додавајќи дека целта е да се зајакнат врските меѓу општините и да се создадат услови за поблиска соработка во сите аспекти на општественото живеење.

Во објавата тој нагласува дека општинската делегација имала можност и да уживаат во културните богатства на балканските народи, преку музика, народни ора и традиции.

 –

Особено ни беше задоволство и огромна чест да ги слушнеме македонските песни и мелосот, кој допре до сите нас и ни ги врати спомените на нашите традиции. Буџа, како најголема општина во Измир со население од околу 500.000 жители, ни понуди прекрасна можност за запознавање со нивните културни знаменитости и историски обележја. Овие моменти ни дозволија да го препознаеме заедничкото историско наследство кое ги поврзува нашите два народи – потенцираше Јовчески во својата денешна објава на ФБ, изразувајќи уверување дека оваа соработка ќе биде од голема корист за граѓаните на двете општини .

Освен Општина Прилеп, на „Буца Балкан Фестивал“ и Општината Берово потпиша протокол за збратимување со општините Буџа, Сејдишехир и Ерменек од Турција.

Би можело да ве интересира

Целонеделна програма за 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор!

Пела Редакција

Со конзервацијата, ќе биде достапна и за посетители, античката населба Колобаиса,Трескавец

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Македонски Брод се подготвува за фестивал на отворено „SAMOKOV XTREME„ за промоција на алтернативниот туризам во Порече

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе