8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Донесена одлука да започне со работа новата детска градинка во „Точила“ наречена “Бајка“

На денешната редовна седница, Советот на Општина Прилеп донесе одлука за отпочнување со работа и вршење на дејност на новата детска градинка во нас. Точила ,наречена „Бајка“.

На дневен ред најпрво стана дискусија по точката измени и дополнувања на Буџет на Општина Прилеп за 2024 година, за која советниците од опозицијата побараа да се повлечи, а раководителот на финансии на Општина Прилеп, низ бројки и податоци, пред советниците ја објасни потребата и важноста од донесување на оваа одлука.

Советниците исто така дадоа согласност за предлог-одлуката за прифаќање на донација од Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од с. Алинци, Прилеп, која што се состои од реконструкција на спортски игралишта и детски паркови на територијата на општина Прилеп.

Советниците  изгласаа и 25 деца Роми, на возраст од три до шест години, да бидат ослободени од партиципација за користење на услугите на ЈОУДГ “Наша иднина“ – Прилеп, за 2024- 2025 година.

На седницата беа усвоени и предлог-одлуките за давање согласност за програмата за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2024/2025 година на ООУ ,,Блаже Конески’’-Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение, на ООУ ,,Рампо Левката’’-Прилеп, за III (трето),V (петто), VI (шесто) и IX (деветто) одделение, извештајот за работа на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп за 2023/2024 година, годишната програма за работа на  ЈОУДГ ,,Наша иднина’’–Прилеп за 2024/2025 година, а беше дадена и  согласност за предлог – изменаите и дополнување на решение за именување членови на Советот кои присуствуваат при склучување на бракови во Прилеп, МК Плетвар, МК Тројаци и МК Старо Лагово.

Воедно, советниците изгласаа и дополнителна предлог- одлука, за додлување на хуманитарна помош на маилиот Никодим од Прилеп ж

Би можело да ве интересира

Најдобар гајдаџија е Роберт Митров од Радовишко, а гранпри наградата на „Пеце Атанасовски“ за „Осоговски извор“ од Оризари

АНКЕТА ЗА РАДИО ПЕЛА – ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ НИ Е НАЈВАЖНО!

Елизабета Филипоска

ЛЕВИЦА: ОПШТИНА ПРИЛЕП ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ОРГАНИЗИРА ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе