4 C
Прилеп
понеделник, 27 јануари, 2025
Пела Радио

Митрополитот Петар и уметникот Жарко Башески се добитниците на 3-то ноемвриската награда за животно дело

По повод одбележувањето на 80 години  од ослободувањето на Прилеп, најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ за животно дело, Комисијата за празници и манифестации одлучи да им ја доели на  Митрополитот Петар и на уметникот Живко Башески. Оваа награда се доделува на физички и правни лица за досигнувања во опшествениот, стопанскиот, културниот, спортскиот и полтичкиот живот.

Наградата за животно дело-Златна плакета, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на: -Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеленски г.Петар за огромна ревност и оданост за верата , кој секогаш стоел и стои на браникот на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа;

-Жарко Башески-македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп; Ч

Награди – плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на: – Прилепска Пиварница-за 100 годишно постоење во општествено-економскиот живот во Прилеп;

– ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп- постигнати успеси во воспитно образовниот процес и реализирани проекти;

  • Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДOОЕЛ с. Алинци Прилеп- општествено одговорна компанија;
  • – Ликовна колонија-Дрен-повеќегодишно меѓународно уметничко творештво;
  • МАТАДОР- успешна и општествено одговорна компанија;
  • Научен институт за тутун-научно истражувачка, образовна, апликативна производна издавачка дејност;
  • Мариовско-Мегленски средби-за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот;
  • ФК Братство Големо Коњари-за постигнати резултати и придонес во спортот;
  • Центар за развој и едукација Прилеп-за успешна реализација на услугата помош и нега во домот;
  • Австралиско-Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто“ од Сиднеј- за негување на традициите и донации за најмладите во спортот
  • Награди  – дипломи по повод „3-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
  • Марјан Јованоски-солист, првенец во македонска опера и балет;
  • Јован Аврамоски- за пожртвуваност и посветеност во областа на заштита и спасување;
  • Љупче Петрески протоереј-придонес во општествениот културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп;
  • Трајче Зуљамоски-педагог, спортист волонтер хуманист;
  • Ивана Атанасоска-светска олимпијада по геонауки; Билјана Тинтоска-успех во воспитно-образовната дејности и книжевноста
  • Елена Ртоска-за особен придонес во развивање на екстремните спортови;
  • Билјана Тинтоска – успех во воспитно-образовната и книжевната дејност;
  • Никола Павлески- младински првак во шах;

 

 

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележа Илинден, Денот на Републиката

Пела Редакција

Ја уценувал поранешната партнерка, изнудил над 500 000 денари

Пела Редакција

Прилепчани во еко акција за пошумување на месноста Алинци во организација на Советот на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе