5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Најсиромашниот град за вода-Прилеп со барикади ги брани своите единствени природни извори

Со барикади од автомобили поставени од раскрсницата кон селото Оревоец прилепчани во голем број од утринава повторно се во битка за заштита на единствените природни извори на вода кои што ги има на својата територија општина Прилеп. Без никаква најава рано утринава камионите биле активирани кај базата од американско – турскиот конзорциум Бехтел и Енка, кој е изведувач на градежните работи. Бројот на полициски службеници се зголемува како што расте број на граѓани на протестот, од 50 на почетокот на протестот до над 100 попладнево.

Револтот на ореовчани и прилепчани е дотолку поголем што ова се случува во период кога се очекува одлука од Апелациониот суд во Битола по барањето за времен прекин на ископ на градежен материјал на неколку стотина метри од Оревоец за изградба на коридорите 8 и 10 д .

„ И после 6 месеци, ние имаме утрински стражи. Кога дојдоа и полиција и камиони значи решиле копот да го реактивираат. Повик до нашите прилепчани. Ова е борба за извори на вода. Излезете и дојдете, дајте придонес. Ова не е СДС, ова не е ДПМНЕ, ова не е политика. Ова е борба за гол опстанок. Ова е борба за извори на вода. За зачувување на едно село и на еден цел град на кој му се заканува тотално пресушување на изворите. Тоа го имаме во документ од хидрогеолог.После своето истражување кажаа дека овде не смее ни да се рудари, а камо ли да се минира планината. Најсиромашниот град за вода си ги брани единствените изворите,“ посочуваат од Спас за Прилеп

Барикадите продолжуваат цела ноќ и во текот на наредниве денови. Од неформалната иницијатива Спас за Прилеп на социјалната мрежа ФБ бараат поддршка од сограѓаните во што поголем број да се приклучат на раскрсницата од регионалниот пат кон Оревоец. Имаат потреба од шатори бидејќи ќе кампуваат на локацијата во настојувањата камионите на Бехтел и Енка да не транспортираат тампон од ископот. 

Во неколку наврати се вклучуваат во живо на ФБ страна на Спас за Прилеп за претставување на состојбата на барикадите:


 

 

 

Би можело да ве интересира

ВО НОРМАНДИЈА ОДДАДЕНА ДОСТОЈНА ПОЧИТ НА ПАДНАТИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ФРАНЦУСКАТА ВОЈСКА

Гордана Цветаноска

Арена Куп 2024: Боксерите од прилепскиот клуб „АС“ се прикажаа во одлично светло (ВИДЕО + ФОТО)

„Креации од ноќта“, тематска изложба на дела од уметници на ДЛУП

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе