Денеска (02 .12 2024 ) бевме гости во Општина Кривогаштани.
Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani е вклучена во мрежата на иницијативата на Радио Пела “Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ што е дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, за борба против трговијата со луѓе, која има за цел на непосреден начин да ја запознае локалната заедница и да ја подигне јавната свест за опасностите од трговија со луѓе, со акцент на трговија со деца за присилни бракови – за препознавање, алармирање и спречување на оваа појава.
Во рамките на иницијативата пред кривогаштанската публика беше прикажана театарската претстава “Maѓепсан круг” во изведба на драмската секција при СОУ “Ѓорче Петров„-Прилеп, која ја сочинуваат четири одвоени приказни за деца тргувани за принудни бракови и ја идентификува сиромаштијата како основна причина на оваа појава. Претставата делуваше емотивно и успеа да ја подигне свеста кај локалната заедница во Општина Кривогаштани за опасностите од трговија со деца за присилни бракови.
Претставата “Маѓепсан круг“ како дел од активноста „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ на Радио Пела , ја проследија жителите од Општина Прилеп, одбележувајќи го Ден на борба против трговија со луѓе, 18-ти Октомври, жителите на Општина Крушево, жителите Општина Долнени и жителите на Општина Кривогаштани.
Во неа играат: Исидора Попоска 3-1кл, Марија Котева 3-1кл, Исидора Николоска 3-1кл. Марко Костадиноски 3-2кл., Марија Јовеска 2-2кл., Матеа Стојчевска 3-2кл., Марија Стеваноска 3-3кл.,Даниел Главчев 3-1кл.,Михаил Тркалески 3-2кл.,Тамара Димитриеска 3-8кл., Михаил Јорданоски 4-1кл.,Наталија Шеќеровска 3-2кл., Вања Младеновски, Техничка поддршка, Вилијам Спиркоски 3-8кл., Сара Павлоска 3-8кл., Марко Ванчев 3-8кл.,од СОУ Ѓорче Петров- Прилеп. Ментор на секцијата и режисер на претставата: Билјана Тинтоска, Филип Стојаноски – автор на текстот.
Воедно, младите од Општина Кривогаштани пројавија интерес да ја чујат и радио драмата која го носи истото име „Маѓепсан круг“, во изведба на “Слободно театарче„ па екипата на Радио Пела им подари УСБ со аудио драмата.
Инаку, Радио драмата како активност со истата цел преку локалните радио станици ја слушнаа жителите на Кичево, Прилеп, Скопје, Куманово, Штип, Кочани.. Радио драмата која говори за присилните бракови, беше емитувана од една национална, една непрофитна младинска радио станица и пет локални (комерцијални) радио станици. Постерите и други материјали за видливост се исто така произведени и дистрибуирани како дел на оваа иницијатива за подигање на јавната свест кај локалната заедница за препознавање, алармирање и спречување на оваа појава.
Имплементацијата на иницијативата започна во март 2024 година и ќе продолжи до февруари следната година.
Активностите се дел од иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ на Радио Пела и се поддржани од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, како дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. Ставовите изразени во оваа активност на ниту еден начин не може да се сметаат дека го одразуваат официјалното мислење на Европската Унија или на Советот на Европа.