13.9 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО+ФОТО)Авто Контрол: Да ги научиме децата на правилно однесување во сообраќајот

Под мотото “Да ги заштитиме децата во сообрaќајoт”,  превентивна активност на ОВР – Прилеп и сообраќајната струка при СОУ Ристе Ристески Ричко, Станицата за технички преглед Авто Контрол – Прилеп реализираше кампања, чија цел е сообраќајната култура кај најмладите.

Целта  е децата уште од најрана возраст да стекнат знаења  за основните сообраќајни правила и прописи. Децата се нашата иднина, во нив вложуваме многу љубов, енергија и средства за да можат да пораснат во здрави индивидуи кои ќе бидат корисни за себе, за своето семејство, но и за општеството во целина, велат од Станицата за технички преглед Авто Контрол Прилеп.

Убаво е кога нашите деца, нашите ученици, уште сега ќе ги знаат правилата во сообраќајот и ќе знаат дека и тие се учесници во сообраќајот, вели наставникот Гоце Бумбароски од ООУ Кочо Рацин. Тие се нашата иднина и треба секогаш со вакви едукативни настани да ги познаваат сообраќајните правила кои ќе им бидар повеќе од потребни, вели тој .

Како општествено одговорна компанија се вклучивме во едукативна акција бидејќи животот на децата е приоритет на секој поединец, истакнаа денеска  од Авто Контрол. Првите форми на едукација почнуваат во семејството, а потоа во училиштето и вон училиштето, со голем број на вакви проекти и кампањи. Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи , туку истовремено  претставува и навика, почитување и нивно применување.

Истовремено од Авто Контрол велат дека сакаат да апелираат до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, бидејќи од нашите постапки зависи и однесувањето на нашите деца.

Да ги научиме децата на правилно однесување и да бидеме нивниот позитивен пример. Затоа што тие треба да растат и пораснат-безбедно! Не заборавајте, ние сме нивните идоли!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

МВР:граѓаните да не управуваат возило доколку немаат возачка со “северна”

Пела Редакција

Никој кај нас не помисли за еко акција на Светски Ден на Планетата Земја – Поради нелегално сечење на шумите годишно се губи територија колку Португалија

Пела Редакција

Седница на Совет на Општина Прилеп: Донациите прифатени, предадена опремата на институциите- дебатата настана по прашања повразни со работењето на некои од јавните институции

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе