5.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Со Господ напред и се плоди нашето племе

Токму денес, на големиот празник „Св. Никола“, патрон на градот Прилеп,  во прилепско Небрегово е роден великанот Блаже Конески.
Академик Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, поет, прозаист, есеист, книжевен истoричар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје и е еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик. Во продолжение, со вас почитувани читатели на нашиот портал и слушатели на мултимедијалниот медиум Радио Пела, ја споделуваме песната „Свети Никола“ од Блаже Конески. Честит празник!
СВЕТИ НИКОЛА
Блаже Конески
Свети Никола златен
пак сè си принесе што треба.
Го пречекавме и со посна сарма,
и со грав и со риби на кромид.
Не е како некогаш
кога спроти празникот ќе изнадојдеа
сега покојните
и ќе седнеа околу трпезата.
Се почнуваше со леблебии,
расол и сторени пиперки,
мезе за домашната ракија.
По вечерата идат комињакот
и скажувањата.
Потоа гостите легнуваа
кој каде се нашол.
Ордан, тетин ти, Бог да го прости,
нели беше пцалт,
ќе запееше во сонот:
„Господи, помилуј!“
И потоа тивнуваше ноќта.
Тоа што минало – минало.
Ама сепак, сполај му,
еве нè живи со Господ напред
и се плоди нашето племе.

Би можело да ве интересира

Гаврил Кочоски ја пронајде паричката за Василица во Прилеп

„Шеќерната приказна“- повод за дружба меѓу татковците и децата

Пела Редакција

Првите македонски пари наречени „статери„ испечатени во прилепската печатница „11-ти Октомври“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе