22.1 C
Прилеп
сабота, 3 мај, 2025
Пела Радио

Победа го совлада Борец во Велес со минимални 0:1 (ВИДЕО + ФОТО)

Прилепчани заслужено стигнаа до нови три бода во второто пролетно коло од македонската втора фудбалска лига.Прилепчани  одлично одиграа и со победоносниот гол на Филип Димоски во 86. минута, со удар од седум-осумнаесет метри далечина само си ја зголемија самодовербата за продолжението од сезоната во лигата. Ова е успех за тимот на Стојанче Дунимаглоски, бидејќи од 70. минута па до крајот одигра без исклучениот Петар Петроски, кој доби црвен картон, втор жолт.

БОРЕЦ: Андов, Хасан (33. Зенговски), Стојчевски, Ристовски, Хајдари, Петковски, Филиповски (81. Митров), Османи (74. Мерсовски), Анчевски, Чичевски, Емини. Тренер: Горан Симов.

ПОБЕДА: И. Николоски, М. Талески, Ивчески (46. Д. Шаркоски), Да. Спиркоски (11. Казимоски), Исмаил (92. А. Петрески), Каба, Керими (69. Љумовиќ), Ф. Димоски, Кофиловски, П. Петроски, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.Голот на Победа во видеото подолу е во 3:40

РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО: Борец – Победа 0:1, Беласица – Вардар Н. 4:0, Арсими – Охрид 1:1, Македонија ЃП – Башкими 0:1, Брегалница – Новаци 3:1, Детонит – Саса 1:2, Кожуф – Вардарски 1:0, Скопје – Осогово 0:0.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 41, Брегалница 37, Башкими 36, Арсими 33, Саса 28, Детонит, Скопје и Кожуф 26, Охрид 25, Беласица 22, Новаци 19, Победа 18, Вардар Н. 17, Осогово 9, Борец 6, Вардарски 5.

СЛЕДНО 18. КОЛО (1 март): Победа – Македонија ЃП, Вардар Н. – Скопје, Осогово – Кожуф, Вардарски – Детонит, Саса – Брегалница, Новаци – Борец, Башкими – Арсими, Охрид – Беласица.

 

Би можело да ве интересира

Петар Мирчески: Хемијата ме однесе во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Пела Редакција

(Видео) Ракометна школа за деца на ЖРК Деспина за поставување на женскиот ракомет на повисок пиедестал

18 МЕДАЛИ ЗА ЏУДИСТИТЕ НА СЕИШИН- ПОВТОРНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО СВОИТЕ КАТЕГОРИИ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе