17.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Се прекинува субвенцирањето на клими – се исполни листата на баратели

Врз основа на Информацијаta од Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер, се врши прекинување на јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на инвертер клими за 2025 година. Како причина е наведено дека вече е исполнет бројот на барања и од денеска 26 февруари, нема повеќе да се примаат барања по овој јавен повик.

Во известувањето од општината се вели:

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека  ЈАВНИОТ ПОВИК за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците за набавка на грејни тела со инвертер за 2025 година, објавен на 17.02.2025 година, се прекинува

заклучно со 26.02.2025 година поради исполнување на предвидениот број на барања и реализација на планираните финансиски средства. Комисијата ќе ги разгледа  барањата доставени до 15:30 часот заклучно со ден 26.02.2025 година. . Општина Прилеп им се заблагодарува на сите граѓани за искажаната заинтересираност и учество во јавниот повик.

По завршувањето на постапката, Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање ќе изготви финална листа на граѓани  на кои ќе бидат наведени имињата на граѓаните кои го остваруваат правото на субвенционирање/надоместување на дел од трошоците, а листата, велат од Локалната власт,  ќе биде објавена на Веб-страницата на Општина Прилеп (www.prilep.gov.mk) и на огласната табла во Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во Новаци се гради спортска теретана на отворено

Гордана Цветаноска

Сестринската љубов кон Тоше – денеска ќе славеше 44 години

Пела Редакција

Женските политички здруженија од Прилеп активно го одбележаа Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе