Колку маски ќе учествуваат на „Прочка 2025“? Колку групни поединачни маски ќе има? Кои ќе ги отценува маските, кои ќе бидат членови на комисијата? Дали карневалот ќе има натпреварувачки карактер или ревијален? Кои ќе бидат во комисијата за оценување на квалитеот на маските? Ќе имаме ли гости/групи од странство или од соседните градови? Дали “Прочка 2025„ ќе остане меѓународна или прилепска манифестација? Дали ќе имаме преставници од Федерацијата на европски карневалски градови, каде градот и манифестацијата некогаш беа членки (или сеуште се)?.. И, многу други остворени прашања , на која можеби јавноста ќе има сознание , можеби не, можеби утре или другиден ..но како и да е Че има Прочка во Прилеп!


Програмата започнува во петок во 12:00 часот, на 28 февруари со изложбата на рачно-изработени маски во Ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“.

Во сабота, на 1 март, во 12:00 часот ќе имаме презентација на традиционалниот обичај, амкањето, во организација на здружението „Преродба“ на платото кај Градскиот Саат и настап на Robbie Ray Show, на истата локација.
Во недела, на 2 март, централната манифестација односно Карневалската поворка “Прочка 2025“ ќе се одржи од 12:00 часот.Карневалските поворки тргнуваа пред НУЦК „Марко Цепенков“, по бул. Гоце Делчев и ќе завршат на Плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Карнвелот ќе биде збогатен со жонглери, акробати, кловнови, куклари и други изненадувања!
Понделеник е традиционалниот ручек на „рилепските Мечкари“ – одбележувањето на „Чист Понеделник“ , во 12:00 часот на манастирот Св. Ѓорѓија во селото Присад.