13.4 C
Прилеп
петок, 28 февруари, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО-ФОТО)Со изложба на маски од учениците започна карневалот Прочка 2025

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше отворена изложбата на маски изработени од учениците од основните и средни училишта од Прилеп и од општина Долнени. Со тоа  започнаа активностите за годинашниот карневал „Прочка 2025“. Околу 300 маски изработени од ученици и наставници-ментори, беа дел од оваа традиционална изложбата која се одржува по повод карневалот „Прочка“, а на која својата креативност, умешност и идејност ја изразуваат децата.

Тука беше ежето што потсетува колку е штетно по здравјето пушењето, Ленка, сурати изработени од природни материјали, карневалската дама, лав, робот изработен од рециклирана хартија … И уште многу други оригинални креации кои можат да се видат само на оваа традиционална изложба во чија основа е изработка на маски од еко материјали.

Не само изработката но, важни беа и пораките кои се испраќаат со креацијата. Најиновативната маска  „Паметното еже“ изработена од Матеј Тодоров, деветтодделенец во ООУ Блаже Конески  порачува: СЕКОЈА ИСПУШЕНА ЦИГАРА Е БОЦКА ПО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

Ова се наградените маски: 

ГРАН ПРИ НАГРАДА: Дамјан Јанкулоски- ООУ Кирил и Методиј, с. Подмол

НАГРАДА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНА МАСКА: Хана Ајровиќ-ООУ Пере Тошев, с. Десово

НАГРАДА ЗА ЈУНИОР МАСКА: Градинка Наша Иднина-Бончејца 

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ МАСКИ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА:

  1. Андреј Бешески – СОУ Ѓорче Петров
  2. Тамара Блажеска- Гим. Мирче Ацев
  3. Маја Гулабоска- Гим. Мирче Ацев

 НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 1-5 ОДДЕЛЕНИЕ: Дама од Природата IV 3- ООУ Добре Јованоски

 НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 6-9 ОДДЕЛЕНИЕ:

  1. Ивана Проданоска – ООУ Кире Гаврилоски
  2. Мелани Ристеска – ООУ Гоце Делчев
  3. Јоана Џинго – ООУКочо Рацин

 НАГРАДА ЗА НАЈИНОВАТИВНА МАСКА:

  1. Паметно Еже – Матеј Тодоров-ООУ Блаже Конески
  2. Ленка – ООУ Добре Јованоски IV 1
  3. Јован и Димитар Дамјановски – ООУ Кочо Рацин

Би можело да ве интересира

Ковид биланс за Прилеп – епидемијата не попушта

Гордана Цветаноска

Пожар ја зафати месноста „Заград“ – пожарникарите апалираат за помош

Пела Редакција

За една седмица починале 14 лица, а 189 се нови случаи на Ковид 19

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе