6.1 C
Прилеп
понеделник, 10 март, 2025
Пела Радио

Протест на Битолчани за изградбата на регионалната депонија во Новаци на која 18 општини треба да одлагаат отпад

Изградбата на регионалната депонија во Новаци, во која отпад ќе треба да депонира и Прилеп, повторно на “стаклени нозе”. Битолчани, за в сабота, најавуваат протести против изградбата на Центар за справување со отпад на територија на Општина Новаци , а битолските советници, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола,  предложија референдум, откако советот донесе одлука за формирање на комисија која ќе формира јавно претпријатие за упрваување со отпад. Ова го побараа дел од граѓаните кои присуствуваа на денешната вонредна седница на Советот, која ја свика претседателката Габриела Иливски по бурните реакции во јавноста.

Битолските советниците побараа да се спроведе референдум во Општина Битола, дали битолчани прифаќаат изградба на современ Центар за справување со отпад на територија на Општина Новаци, каде се предвидува ѓубрето да го  одлагаат 18 општини од Југозападниот регион (Новаци, Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод). Граѓаните на Битола се плашат од ново загадување, а и од граѓанскиот сектор изразија недоверба за проектот.

Според планот отпадот до новата депонија ќе се носи по нов пат, обиколница и истиот ќе се транспортира во нови возила. „Ова е најдоброто решение за да се затворат сите диви депонии и третирањето на отпадот на современ начин„, беше речено на вонредната седница на Советот на Битола.

Проектот го спроведува министерството за животна средина, а за сите четири регионални депонии меѓу кои и оваа за Југозападниот регион, државата се задолжи со заем од Европската банка за обнова и развој. Во моментот, Министерството за животна средина подготвува тендерска документација за избор на изведувач што се очекува да заврши до 2025 година, а доколку навреме отпочнат работите изградбата на Центарот за управување со отпад треба да заврши до крајот на 2027 година.

Би можело да ве интересира

Интервју со прилепски фризер: Како да ја заштитиме косата од жештините и што ова лето е моден хит?

Пела Редакција

„Австриската уметност по 1945“ во Скопје

Пела Редакција

Пензиите не може да се зголемат, платите на функционерите мора да се вратат – Институт за економски анализи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе