19.3 C
Прилеп
среда, 30 април, 2025
Пела Радио

Загинаа Андреј и тапанарот Ѓорѓи од групата ДНК, а Панчо со изгореници во болница

Mеѓу загинатите во трагедијата во Кочани (неофицијално)  е и Андреј Ѓоршиоски од групата ДНК кој спасувал живот во дискотеката, како и тапанар на групата ДНК, струмичанецот Ѓорги Ѓоргиев (24). Групата  синоќа настапувале во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Веста за загинувањето на тапанарот ја потврдија брат на Ѓорѓи,  Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кои изрази жалење за својот сограѓанин.

Инаку, како што претходно објави МИА, Владимир Блажев-Панчо , пак, од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен, изјави,  утрово за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот.

Животот, во страшната трагедина, го загуби и вонредниот проф. м- р на Факултетот за  Музичка уметност, Сара Пројковска,  пратечкиот вокал на групата ДНК, потвдија нејзините колеги на ФБ, жалејќи за својата колешка и професорка.

 

 

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ во Торино со Еразмус +

Елизабета Филипоска

Пандемијата со Ковид-19 беснее, а тензиите на пациентите растат

Елизабета Филипоска

Почина протоереј – ставрофор Благоја Станкоски, архиерејски намесник на Прилепското архиерејско намесништво.

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе