18.2 C
Прилеп
среда, 30 април, 2025
Пела Радио

Беше момент на уживање – концерт на полскиот камерн хор во храмот “Св. Кирил и Методиј“  – Параклис

Во организација на хранот  Св. Кирил и Методиј – Прилеп и во соработка на ЈНУ – Институтот за Старословенска култура – Прилеп, синоќа во Храм “Св. Кирил и Методиј“  – Параклис, еминентниот Камерен хор од Познањ, Chór Kameralny Cappella Musicae Antiquae Orientalis,  специјализиран за изведба на православна црковна музика, под диригенство на проф. Д-р Леон Заборовски, основач и диригент на хорот,  одржа концерт на хорска православна црковна музика, со православни партитури.Концерот, кој беше моемент на живање и смиреније, го проследија Владиката Г. Петар, градоачалникот на Прилеп, Борче Јовчески и други еминетни гости и верници, кои уживаа во изведбата на камерниот хор од Полса.Концертот е дел од  проектот на хранот  Св. Кирил и Методиј – Прилеп посветен на културната рута на св. Кирил и Методиј, одобрен од Министерство за култура на Р.Македонија ,во кои се предвидени  одржувања на два концерти, на 29 април 2025 г. во Прилеп, во црквата, и на 30 април 2025 г. во с. Враништа, Струшко, во црквата св. Никола, каде како коорганизатор е Парохијата Вранишка со м-р отец Ристе Наумоски.Инаку, „Cappella Musicae Antiquae Orientalis“ е камерен хор, основан во 1984 година и обединува претставници од различни средини и генерации, специјализирани за изведба на православна црковна музика. Има остварено преку 550 концерти во Полска и во странство, 48 странски турнеи во 20 европски земји (Русија, Италија, Ватикан, Австрија, Латвија, Германија, Холандија, Шпанија, Франција, Чешка, Грција, Данска, Луксембург, Белгија, Естонија, Литванија, Украина, Словенија, Белорусија, Словачка); Шесткратен лауреат (1985, 1986, 1991, 1994, 2001, 2021), вклучително и двократен добитник на првата награда (1986, 1991) на Меѓународниот фестивал за православна црковна музика „Хајнувка“ (Hajnówka).  Важен настан во историјата на хорот е учеството во продукцијата на операта „Борис Годунов“ (Borys Godunow) од Мусоргски во Големиот театар во Лоѓ.

Проф. Д-р Леон Заборовски, пак, е основач и диригент на хорот, дипломирал на Конзерваториумот „Петар Чајковски“ во Москва (со диплома magna cum laude по хорско диригирање). Во 1985 година го стекнал своето докторско звање на Музичкиот конзерваториум во Москва. Работел на Музичката академија „Игнат Јан Падеревски“ во Познањ од 1978 година. Од 2007 до 2012 година проф. д-р. Заборовски бил раководител на Одделот за хорско диригирање. Од 2012 година е раководител на Одделот за музичко образование. Од 1978 до 1986 година бил диригент на Мешаниот хор на Музичката академија „Игнат Јан Падеревски“ во Познањ. Од 1987 до 1989 година проф. д-р. Заборовски бил и директор на Оперскиот хор во Лоѓ. Со овој хор подготвил неколку премиери како „Борис Годунов“ од М. Мусоргски, „Травијата“, „Набуко“ од Џ. Верди и други. Проф. д-р. Заборовски е иницијатор и уметнички директор на фестивалот „Денови на православната музика“ во Риѕина (2004, 2006, 2008, 2010), како и иницијатор и уметнички директор на фестивалот „Меѓународна средба со православната црковна музика“ во Гроѕиск Виелкополски (2013, 2015, 2017, 2019). Основaњето на камерниот хор за исклучиво православна музика „Cappella Musicae Antiquae Orientalis“ е резултат на неговата фасцинација и многу длабоки студии за оваа музика.

 

 

Би можело да ве интересира

Филмот „Ескорт“ утревечер во Кино Мис Стон

Пела Редакција

В сабота на театарскиот репертоар е „Стапица за глувци“

Пела Редакција

Збор – два со психологот Јован Велески за пандемијата: „Време е за созревање!“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе