3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пари од Општинскиот Буџет за помош на ФК „Победа„ и РК „Прилеп“ и за сметките за вода за социјалните семејства

На  близу 500 домаќинства, во катагоријата социјално загрозени, Општина Прилеп ќе им помогне во надмирувањето на трошците за потрошена вода. Од Општинскиот буџет ќе бидат издвоени 1.5 милиони денари за субвенционирњето на трошоците за 5 метри кубни вода по домаќинство, од ранливите социјални категории ,чии список ќе биде обновуване секој  месец во соработка со МЦСР- Прилеп.

„Советот на општина Прилеп донесе Одлука за субвенционирање на месечни трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани за 2019 година. Целна група се социјално ранливи категории кои се евидентирани во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Прилеп, како корисници на постојана парична помош. Ќе се субвенционираат 5 метри кубни потрошена вода во текот на еден месец, а листата на корисници секој месец од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи ќе ја презема Општина Прилеп, ќе ја доставува до ЈКП „Водовод и канализација“ кое на овие домаќинства ќе им ја намали месечната обврска на цената на чинење на вода за 5 метри кубни вода“- рече  Претседатлот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски.

 

“Ова предложена социјална мерка ја поддржуваме, но сметаме дека е популитичка, со оглед на тоа што се носи ден пред распишување на датумот за Претседателските избори.  Доколку сакаа навистина да им помогна на социјално ранливите категори грашани, оваа одлука, овај владеачки состав на  Совет на Општина Прилеп  требаше да ја донесе на стартот на формирањето “-  истакна, Ирена Стриојска Локвенец, совентик од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ

Советот на Седницата донесе уште една социјална мерка, со која преку општинскиот буџет ќе се партиципаципира плаќњето за престој во градинка на деца од Ромската популација, на возраст од 3 до 6 години, со цел нивна инклузија и социјализација.

Советниците донесоа и одлука  финансиски, од Буџетот ,да му помогнатат и на двата најактуелни клубови,  ФК Победа и РК Прилеп, за кои ќе бида издвоени 3 милиони денари, односно еден милион денари од Општинскиот Буџет, иако и двата клуба се АД, и се регистриани како професионални клубови.  Целта е опстоување на ФК Победа како прилепекси бренд и ракометот како еден од најмасовните и најактулните спортови.

Усвоен беше и годишниот извештај за спроведување на Програмата за управување со отпад во општина Прилеп ,иако советниците побараа одговор за рециклирањето на отпадот и за состојбата со градежниот шут и текстилниот отпад.

Преставникот од ЈКП Комуналец, се согласии дека градежниот шут фрлен во контињерите им прави големи проблеми, уништувајќи ги кантите за отпад , но ниту едено лице досега од страна на Инспекторијатот. не е казнето за фрлување на градежен шут на непрописно место.  Беше нагласено дека „комуналците“ имаат и проблем и со текстилниот отпад, кој секојдневно се зголемува, особено во последните пет години, а освен затрупување на депонија, ЈКП Комуналец нема решение за овој вид на отпад. Остана отворено прашањето да  дали да се користеи казнената политика или да се издвојат средства за  поголема едукација на граѓаните за покавлитетено справуање и  рециклирање на отпадот.

На оваа Седница беше усовен и годишниот извештај за реализирани активности на ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ за 2018 година. Советниците ги усвоија и финансиските планови за 2019 година на основните училишта од општина Прилеп, меѓу кои и на музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“,На седницата  беше донесена и  Одлука со која Пречистителната станица му беше доделена на управување и стопанисување на ЈКП „Водовод и канализација’

Би можело да ве интересира

Втор ден градот прави штети во Пелагонија

Гордана Цветаноска

Од утре забрана за користење најлонски кеси за пазар и казни за прекршителите

Елизабета Филипоска

Не исправна вода за пиење во две села во прилепско

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе