7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

НИЗ ФОТОГРАФИИ: И, оние кои „шараа„ денес чистеа заедно со прилепскиот градоначалник

Во Прилеп се чистеше општинската зграда од оние кои шараа. Преку доброволна акција, на иницијатива на прилепската локална самоуправа, во чистењето на  општинската зграда, која беше  обоена од „Шарената револуција“  2016 година,  се вклучи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, Претседателот на Советот на Општина Прилеп , Дејан Проданоски со неколку преставници од Советот на Општина Прилеп , комуналците ,но и прилепскиот адвокат Жарко Стеваноски, еден од најголемиот активисти во дел од поголемата група учесници во „Шарената ревоволуција„ кој тогаш фрлаше коктели од бои врз општинската зграда во Прилеп.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески нагласи  дека ова еднодневна акција е само симболично чистење на општинската зграда, но со чистење  на општинската зграда ,која како што рече тој „е лице на градот„ ќе се продолжи во нередните денови со помош на комуналците.„ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА Е ЛИЦЕ НА ГРАДОТ, ВАЖНА И ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ГОСТИТЕ КОИ ЈА ПОСЕТУВААТ. СО ОГЛЕД ДЕКА НИКОЈ ЧЕТИРИ ГОДИНИ НЕ СЕ ПОТРУДИ ДА ЈА ИСЧИСТИ, НИЕ КАКО ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ПРЕЗЕДОВМЕ ИНИЦИЈАТИВА ДА СЕ ЗАПОЧНЕ СО ЧИСТЕЊЕ НА ФАСАДАТА, НА СТАКЛАТА И НА ПАНЕЛИТЕ. НЕМАМЕ ПРОЦЕНКА ЗА СРЕДСТВАТА ЗА ОВА ЧИСТЕЊЕ, НО СИГУРНО, СО НИТУ ЕДЕН ПОТРОШЕН ДЕНАР, СЕ ПОТРУДИВМЕ ДА ОРГАНИЗИРАМЕ ВАКВА ГОЛЕМА АКЦИЈА. ВЕРОЈАТНО ВРЕМЕТО И СОНЦЕТО СИ ГО НАПРАВИЛЕ СВОЕТО, СЕГА БОЈАТА Е ИСПУКАНА, СЕПАК СО ХЕМИСКИ СРЕДСТВА МОЖЕ ДА СЕ ИСЧИСТИ. НЕ 100-ПРОЦЕНТНО, НО БАРЕМ ГОЛЕМ ДЕЛ. ЦЕЛТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е ДА ГИ ОДРЖУВА, ДА ГИ ЗАЧУВА ОБЈЕКТИТЕ КОИ СЕ ПОД НЕГОВА ИНГЕРЕНЦИЈА. ВАЛКАЊЕТО, УНИШТУВАЊЕТО И ОБЕЗЛИЧУВАЊЕТО НЕ Е АЛАТКА СО КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНЕ НЕКОЈА ПОЛИТИЧКА ЦЕЛ, рече градоначалникот на Прилеп  Борче Јовечски

За Жаре Стеваноски, учесник и еден од предводниците на „Шарената револуција“   „Шарената револуција“ основано се бореше, за промена на власта. Тој при денешната акција ,како единствен учесник ,од тие што шареа, истакна дека  храброст е да се направи, но и да се исчисти стореното. „Дојдов да се приклучам во чистењето за да се отстрани тоа што се бојадиса во Шарената револуција во која учествував и која не ги постигна целите. Сметам дека уште пред 4 години требаше да се исчисти, ама еве сега е моментот „ рече тој и додаде: „ВО 2016 ГОДИНА ЈА ОБОИВМЕ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ВО РАЗНИ БОИ. СИГУРЕН СУМ ДЕКА И ТОГАШ БЕШЕ МОМЕНТОТ, ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРОТЕСТИТЕ, НО ОЧИГЛЕДНО, СЕГА И ДОШОЛ „ДЕНОТ“.  СЕ ОДЅВАВ НА АПЕЛОТ. ГО СИМНУВАМЕ ОНА ШТО ВО 2016 ГОДИНА ГО ИСКАЖУВАВМЕ КАКО РЕВОЛТ КОН ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ. ЧЕСТО ВЕЛАМ ДЕКА КОГА БИ ИМАЛО ПОВТОРНО ПОТРЕБА ОД „РЕВОЛУЦИЈА“, ПАК БИ ЗАСТАНАЛ НА ЧЕЛО. „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“ ВО 2016 ГОДИНА ОСНОВАНО СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ЕДЕН СИСТЕМ КОЈ НЕДОМАЌИНСКИ ГИ ТРОШЕЛ ПАРИТЕ, НО СЀ ШТО СЕ ПОГРЕШИЛО, ТРЕБА И ДА СЕ ИСПРАВИ, ПА, ДЕНЕС СМЕ ТУКА ДА ГИ ОТСТРАНИМЕ БЕЛЕЗИТЕ НА „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА. КАКО НЕДОМАЃИНКСИ  СЕ ТРОШЕЛЕ ОПШТИНСКИТЕ ПАРИ ГОВОРИ И ПОДАТОКОТ КОЈА ГО ДОБИВМЕ ОД  ВЕШТАК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОШТЕТУВАЊЕТО НА ОПШТИНСКТАТА ЗГРАДА , ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОКАЗИ, ВО КОЈ СЕ УТВРДИ ДЕКА СТАКЛАТА НА ЗГРАДАТА ,КОИ ТРЕБАА ДА БИДАТ СТОП -СОЛ СТАКЛА, ВСУШНОСТ СЕ ОБИЧНИ ФОЛИИ “, рече Стеваноски ,кој зеде активно учество во чистењето на боите од зградата на локалната самоуправа.

 

Општинските власти не кажаа колку пари од општинискиот буџет ќе бидат потрошени за чистење на целата општинската зграда од боите на „Шарената револуција„ . Само, претседателот на Советот Дејан Проданоски изјави дека чистат како добри домаќини пред Велигден  и дека средствата што се трошат за чистење се симболични во однос на тоа дека колку е важно да се исчисти општинската зграда.

Во продолжение дел од изјавите кои ги одбивме од ОК на ВМРО ДПМНЕ :

https://www.facebook.com/okprilep/videos/400781434805648

 

Би можело да ве интересира

Апел на ЈКП Водовод и канализација до граѓаните да не ги крадат капаците од шахтите

Елизабета Филипоска

Стеваноски: Има најава за присилно прекинување на протестите кај Оревоец

Попоска: Дојдете на роденден со добра музика и многу гости (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе