19.9 C
Прилеп
сабота, 11 јули, 2026
Пела Радио

Како се прави мозаик – предизвик на 15 ученици

Во убава, креативна и инспиративна атмосфера, денеска во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, заврши Работилницата за мозаик наменета за младите, што Центарот за култура ја реализираше со поддршка на Министерството за култура и туризам.
15 ученици од основните прилепски училишта, под менторство на м-р Александра Димитрова, учеа за мозаик и создадоа интересни мозаични дела, кои прилепската јавност ќе ги види на изложба.
Директорката на Центарот, Марија Попова Јованоска и координаторот Марјан Стојаноски,  на учесниците за успешната активност и покажаниот интерес им врачија благодарници.

Би можело да ве интересира

Концертите се враќаат на сцена, одобрени протоколите

Претставата “Стапица за глувци” одложена

Изложба „Геолошки пресек“ од уметникот Давид Атанасоски од Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе