7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вера, надеж, лубов, мудрост – Дали човештвото се „подготвува“ за самоуништување?!

Денеска православните христијани го славата христијанскиот празник Вера, Нада, Љуба и Софија како симбол на верата, надежта, љубовата и мудроста, која треба да ги негува човештвото како универзални симболи за самопочит. Но, во ова „лудило“ се чини Надежта полека умира, а Верата ја намалува својата сила, бидејќи Љубовата меѓу луѓето, која треба да ја спојува Верата и Надежта, веќе се губи, а г-ѓата Мудрост одамна го напуштила Светот, кој се заканува да се самоуништи.

Насилство носи само насилство

Утрово, отворам очи, Дневник 7,оо часот, и по “Доброутро“, веднаш ПРВА ВЕСТ на национална ТВ  – „ВОЈНАТА на Блискиот Исток„ – Така почна денот – со лоша вест! А, убав ден „Вера, Нада Љуба и Софија “ слават денеска православните христијани, верувајќи во верата, надежта, љубовта и мудроста!

х  х  х  х  х

Не сум ниту политички аналитичар, ниту голем познавач на надворешните случување, туку само човек кој не сака насилство, кој сака мир, разбирање и меѓусебно почитување филантроп, би рекла, колку да се разбереме!

Не ги сакам ниту теориите на заговор, но огорченоста меѓу луѓето, војните на Блискиот Исток, војната во Европа, појавата на нови структури владеачки лидери во ЕУ, го наметнува прашањео до каде оди лудилото на човечкото самуништување, до каде оди желбата за доминација на нациите и омразата едни кон другите и што ли му се спрема на Светот? Колку долго може човештвото да живее без глобална Војна? Дали историјата се подготвува да се повтори?!

Во Австрија, синоќа победи десничарката партија (ФПО), партијата основана од нацистите, 1950 година, а новиот лидер на државата кој се нарекува “народен канцелар„ (како што некогаш се нарекуваше Адолф Хитлер), 55-годишниот Хербер Кикл, пред изборите говореше и вети дека ќе ги депортира барателите на азил во неговата држава, ќе  престане да ја поддржува одбраната на Украина од Русија итн, кои говорат за новата димензија во креирање на политката на Австрија …Иако ФПО (партијата), по победата, нема целосно парламентарно мнозинство за формирање Влада и многу партии ветија дека нема да дозволат Кикл да ги држи уздите на власта, сепак Австрија  со оваа победа на крајно десничарска партија започнува да го менува курсерот на својата внатрешна и надворешна политка.

Австриските избори следуваат по добивките на десничарските партии на француските национални и германските регионални избори,  кои имаат заеднички именител: критички настроени кон „новодојденците“, имигрантите,  евроскпетични, неподдржувачи на зелените политки, наклонетост кон завојувана страна, без одговори за светски мир.

На Блискиот Исток , пак, Израел сериозно го нападна центарот на Бејрут и уби тројца лидери на Хамас, а одмазничките закани веднаш пристигнуваат од Иран дека земјата нема да остане без одговор на “криминалните одмазди на Израил“ , иако додека траел нападот на Израил, Хезболах, лансирал ракети врз северниот дел на Израил. Израелските воздушни напади принудија еден милион луѓе да ги напуштат домовите, кое се смета за најголемото раселување на човештвото во овој век.

Во Европа, иста слика.  Додека Русија и Украина „играат„ војна, милиони луѓе се раселија, ги изгубија домовите, обичните луѓе ги загубија најблиските, а државите се оградуваат со огради од злото наречено „војна„,, (по, примерот  на Трамп кој постави жица со границата на Мексико).  Норвешката влада разгледува неколку мерки за оградување на  своите граници , како што велат,  „за  зајакнување на безбедноста на границата со Русија на северот на Арктикот“.  Норвешка би можела да подигне ограда долж дел или по целата 198-километарска граница што ја дели со Русија, соопшти норвешката влада, чиј потег е инспириран од сличен проект во Финска. Копнената граница на Финска со Русија е долга 1.340 километри и е целосно затворена. За да ја спречи Москва да користи мигранти во она што финската влада го нарекува руска „хибридна војна“, Хелсинки во моментов гради огради во должина до 200 километри на одделни делови долж граничната зона што е дел од северното крило на НАТО. Клучни за  светскиот мир , сега, и во очекување се и претседателските избори во САД на 5 ноември, односно дали ќе победат демократите со Камала Харис или републиканците со Доналд Трамп, кои имаат различни ставови за воената агресија во земјите кои војуваат во Светот.

А, Светот во сета ова бездна, добива нова димензија, без емоции, љубов и вера –  “збогатана“ со  предрасуди, омраза, злоба, непријателство, непочитување човек со човек, нација со нација, присилно раселување, убивање, човечко самоуништување …Се повторува ли историјата?!

Денеска православните христијани го славата христијанскиот празник Вера, Нада Љуба и Софија како симбол на верата ,надежта, љубовата и мудроста кои треба да ги негува човештвото. Но, во ова „лудило“ се чини Надежта полека умира, а Верата ја намалува својата сила, бидејќи Љубовата меѓу луѓето, која треба да ја спојува Верата и Надежта, веќе се губи, а Мудроста одамна го напуштила Светот, кој се заканува да се самоуништи.

 

Насловната фотографијата преземна од порталот„biblija-uci“

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (23)

Пела Редакција

Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем (30)

Пела Редакција

Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем! (36)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе