21.5 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Откажани сите манифестации- утре ден на жалост во Прилеп

Советот на општина Прилеп, доцна попладне на вонредна сецница,  донесе одлука со која што утрешниот ден , петок 4 октомври,  го проглaси за Ден на жалост, по трагичната несреќа која се случи изутринава на магистралниот пат Прилеп-Битола, во која загинаа три медицински лица од Прилеп.

Во сообраќаjната несреќа загинаа: Примариус д-р. Александар Ристески, специјалист радиолог, гинекологот д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог, Фанче Јованоска, кои работеа во битолската болница „Плодност“. Несреќата се случила при судир на патничко моторно возило „тојота“ во кое биле медицинските лица и товарен камион кој пренесувал лесно запаливи материи. Поради силината на ударот избил пожар од кој биле опожарени и двете возила и во кои животот го загубиле тројцата  лекари од Прилеп.

На почетокот на седницата советниците им одадоа почит на загинати прилепски лекари со едно минутно молчење, a градоначалникот на Прилеп од говорницта изрази огромно жалање за загубата.

Како градоначалник , лекар, но пред се како човек, со огромна тага, длабока болка и со неверување ја примив веста,за сообраќајна несреќа која утринава се случи на патниот правец Прилеп-Битола , каде животот го загубија тројца наши сограѓани,  врвен стручен лекарски тим, за кои сите ние вечно ќе жалиме. Тоа беа мои колеги,  мои сограѓани со кои се сретнував низ работата и секојдневието. Тоа беа почитувани луѓе за кои се уште сум во неверување дека повеќе ги нема на овој Свет.

Прилеп  и Македонија со нив изгуби, врвни лекари специјалисти, еминентни и почитувани луѓе,  посветен  и одговорни граѓани. Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол. Во оваа прилика сакам да изразам сочувство до семејтвата за нивната огромна загуба и болка! Вечна им слава ! Нека почиваат во мир!

Утре, на Денот на жалост се откажуваат сите културни и спортски манифестации во општината, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градoт, ќе бидат поставени на половина копје.

Општина Прилеп апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за утре, а угоститлските објекти  и локалните радиодифузери да ја прилагодат музиката според одлуката.

 

 

Би можело да ве интересира

По примерот на Идризово, прилепскиот затвор ќе добие работилница за изучување на занаети

Гордана Цветаноска

Нема воз на релација Битола-Прилеп- Велес-Скопје, праговите од пругата изгореа!

Пела Редакција

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА АПАРАТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе