7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во тек истраги во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп (ВИДЕО)

Доктор Кире Јоноски, ВД директор на ЈЗУ Општа  „Борка Талески“ денеска одржа прес конференција во врска со финансиската состојба на прилепската болница. Посочи дека се во тек истрагите за наводно ненаменско трошење на пари и утврдување на одговорност.

„Кога ја презедов функцијата, болницата беше во катастрофална состојба. Во овој момент, морам со големо жалење да истакнам дека наследен е огромен долг. Обврските што ги има болницата по разни основи изнесуваат речиси 193 милиони денари.

По основ на неисплатени отпремнини и јубилејни награди должиме три милиони денари, по основ на извршни решенија долгот е 18.367.811 денари, а според нотарски платни налози, кои изнесуваат 25.560 денари, долгот е 40 милиони денари. Во болницата се трошело и на скапи телефони, на електрични тротинети, односно е трошено за 73 мобилни броеви, кои сметководствено не се евидентирани, а каде завршиле треба да утврдат органите на прогон. Во август 2024 повеќе од четири милиони денари потрошени се за готовинско плаќање, на фиктивни лица, пример за косење трева, без договор и без платен персонален данок. Затекнавме и суми за ресторантски услуги, репрезентации фактурирани од познати ресторани во Прилеп. Се плаќало и за едукации на медицински сестри, на кои никој не отишол на едукација. Има фиктивни транспорти, плаќања патувања за семинари во странство, пишување на прекувремени саати за исплата, рече д-р Јоноски, потенцирајќи дека ќе се борат со предизвикот за санирање на состојбите и подобрување на здравствените услуги кон граѓаните.

Разговорите со Фондот за здравствено осигурување, како и со некои од фирмите кои имаат побарувања веќе биле во тек, се’ со цел болницата да може непречено да функционира. Воедно, Јоноски истакна дека очекуваат донации со кои ќе се обезбедат подобри, нови услуги за граѓаните, а во однос на нови вработувања на медицински персонал се одвиваат преговори со надлежното министерство.

Би можело да ве интересира

Стручно и посветено за безбедноста во сообраќајот – Авто Контрол, овластена техничка служба единствена во Прилеп

Гордана Цветаноска

Јубилеен карневал Прочка 20 то издание, скромно и во духот на традицијата

Започна исплата на априлските пензии

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе