21.5 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

ВЕЧЕР СО РОДОЉУБИВА ПОЕЗИЈА ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА

Во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, синоќа, со почеток од 18 часот, се одржа „Вечер со родољубива поезија“ во организација на библиотеката и на Клубот на литературните творци-Прилеп, а по повод празникот 11 Октомври.

Во присуство на претседателката на Советот на Општина Прилеп,  Ирена Стерјоска Локвенец, претставници од Локалната самоуправа, директори на институции, ученици и мноштво љубители на поезијата, настанот го отвори директорката на библиотеката Андриана Ристеска.

Натаму, за значењето на 11 Октомври, кусо предавање одржа историчарот Горјан Василевски. Со поетски творби со родољубива содржина се претставија дваесетина членови на Клубот на литературните творци од Прилеп, а со музички точки настанот го разубавија учениците од Музичкото  училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ под менторство на наставниците Марија Јанчулеска, Мендо Ташкоски, Александра Ивановска-Ангелова и Весна Станкоска.

Настанот го водеше Филип Димкоски кој прочита три песни од македонските поетски великани Гане Тодоровски, Блаже Конески и Михаил Ренџов кој почина вчера и кому со едноминутно молчење на присутните му беше оддадена почит.

Овој настан е во рамките на свечената програма по повод одбележувањто на празникот 11 Октомври.

Известува:  Филип Димкоски

Би можело да ве интересира

Изложба „Уметност, меѓународна група и пријатели“

Елизабета Филипоска

Градската слава Свети Никола, ќе се одбележи скромно, во согласност со мерките за превенција од пандемијата

Гордана Цветаноска

Преку интегрирано делување до намалување на дискриминацијата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе