8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Прилеп: Саем на земјоделски производи во чест на Меѓународниот ден на руралната жена (ГАЛЕРИЈА)

На платото кај Градската саат кула во Прилеп денеска се одржа саем на земјоделски производи во организација на невладината ЛАГ Агро Лидер по повод Меѓународниот ден на руралните жени. Рачно изработени домашни производи од вредните раце на жените по оригинални рецептури: зимница слатка, џемови, ајвари, макала, сирење и млечни производи, зачини, мед и медни производи, сушено овошје и зеленчук, сокови и сирупи, пекарски производи по традиционални рецепти, рачни изработки … За најмладите и годинава имаше обезбедено  детска едукативно – забавна програма. Годинешното одбележување беше збогатено и со настап на КУД Мирче Ацев
кои се претставија со ора и песни.

Би можело да ве интересира

Иницијативата #sportistiprotivKorona успешна. Аплауз за спортистите

Елизабета Филипоска

Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Прилеп – патот меѓу Прилеп и Битола е целосно во прекин

Пела Редакција

Сопругата на Деркоски стана сопственик на еден од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе