7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп го запишаа четвртиот пораз – на домашен терен беше поразен од Вардар

Прилеп на домашен терен вечерва во рамките на седмото коло во Супер-лигата го пречека Вардар, кој само се „прошета“  низ теренот на СОУ Ристе Ристески Ричко и  ја оправда улогата на фаворит  (краен резултат 27-37 – полувреме  12-19). Од другата страна прилепчани на овој натпревар го запишаа четвртиот пораз и не можеа ништо да сторат повеќе освен да го одиграат натпреварот кој на старт беше изгубен по налетот на вардарци.

Победникот на оваа средба беше решен по првото полувреме, а потоа вардарци во продолжение без проблем го одржуваа водството за лесни бодови. Поведоа со двоцифрени 21-31 и ставија печат на победата.

Стефан Петриќ постигна седум гола, по шест имаа Маргели, Крсманчиќ и Родригез , а во Прилеп Никола Јеремиќ беше стрелец на седум погодоци, додека Давид Трајкоски и Александар Тренчевски постигнаа  по три голови.

Според табелата Прилеп се ноѓа на 8 место, со 5 бода, со четири порази, две победи и еден нерешен меч во Супер-лигата.

 

Би можело да ве интересира

ИГРАЧОТ НА ПРИЛЕП, ГУКЕШ, НАЈДОБАР МЕЃУ 277 ШАХИСТИ

Елизабета Филипоска

Седум инересни моменти на ЗОИ во Пјонгчанг

Елизабета Филипоска

Прв екипен шаховски турнир помеѓу сите основни училишта во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе